Пред една година родителите на Ана Грејс забележале дека нивното мало девојче неочекувано паѓа на подот и не може ниту да се исправи ниту да чекори стабилно без помош. Откако консултирале повеќе педијатри, дијагнозата била поставена: Ана Грејс имала тумор со големина на мандарина на едниот бубрег.
По сложената операција и тешките терапии, среќното девојче со забавни фотографии му објави на светот дека го победи ракот.

Алисон, мајката на девојчето, раскажува дека покрај тешкотиите при чекорењето, докторите забележале чудно треперење на гласот и очите на Ана Грејс. Според тоа докажале дека девојчето страда од невролошко нарушување кое предизвикува неконтролирано движење на очите, како и тешкотии во говорот и движењето. По вториот скен што и го направиле на Ана Грејс, го откриле и туморот на нејзиниот бубрег.
„Таа веќе не можеше да се движи, да лази, ниту, пак, самостојно да стои исправена. Беше како повторно да имаме новороденче, иако таа имаше 23 месеци. Преплашена бев и се прашував зошто тоа ѝ се случи нејзе, а не мене и како успева сѐ уште да е среќна. Се фрустрираше затоа што знаеше дека може да прави работи, но нејзиното тело не ѝ дозволуваше. Сепак, таа беше среќна“ – раскажува Алисон.

По успешното отстранување на туморот, започнале со хемотерапија и девојчето набрзо можело повторно да се движи. По завршувањето на терапијата се докажало дека Ана Грејс е потполно здрава и нејзината мајка решила го прослави тоа со забавна фотосесија.


„Беше многу возбудена што се фотографира и се однесуваше будалесто. Таа е сега типично тригодишно дете, со сета дрскост и сѐ останато. Навистина е силна и храбра, сака да си игра со своите кукли, да биде надвор и сигурно е татино девојче“ – Алисон ја завршува својата приказна.

