Ова се Сина, блогерка од Торонто, нејзиниот сопруг Крис и нивните дечиња Изабел и Николас.



Покрај готвењето, јогата и честото редекорирање на ентериерот во својот дом, оваа мајка обожава и да го фотографира своето семејство. Слатките фотографии кои се резултат од нејзиното хоби, таа ги објавува на својот блог и на социјалните мрежи. Вели дека сака да го сподели со јавноста својот афинитет за едноставен, монохроматски, скандинавски дизајн, во и околу домот, но и да ги документира парчињата од она апсолутно прекрасно, но вистински исцрпувачко патување кое се вика мајчинство.

















































