Колку и да се мали, добрите дела имаат големо значење.
Мајка од Струмица заедно со своите две ќерки си ги скратија косите и прамените ги донираа за изработка на перики за повредените во пожарот во Кочани.
Емилија Митева и нејзините ќеркички Ана Марија и Тина својот нов изглед ѝ го доверија на фризерката Татјана Маџаров од студиото „Vogue“.


Хуманото трио прамените ги испрати кај Сашка Кузманова од Кавадарци, која неуморно работи за да создаде перики за лица болни од рак, а по пожарот во Кочани, започна да изработува перики и за повредените лица во несреќата.
Многумина се восхитени на храброста и добрината на ова семејство, а нивниот пример е доказ дека и најмалите гестови, особено кога доаѓаат од срце, можат да значат многу и да донесат светлина во темни моменти.