Почетна » Новости » Занимливости » Секоја чест: Добродушен ветеринар бесплатно им ги лекува милениците на бездомните лица во Калифорнија

Секоја чест: Добродушен ветеринар бесплатно им ги лекува милениците на бездомните лица во Калифорнија

Некои луѓе навистина можат да ни ја вратат вербата во човештвото и да ни докажат дека посакуваните промени треба да ги започнуваме од себеси. Таков е Стјуарт Квејн, ветеринар кој ги обиколува улиците на Калифорнија и ги лекува милениците на бездомните лица – бесплатно.

Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн

Стјуарт е ветеринар повеќе од 20 години и секогаш кога има слободно време, тој ги посетува лицата кои најмногу имаат потреба од помош и им помага на нивните животни. Трошоците за лекови и храна тој ги покрива од свој џеб, но неодамна започна и кампања за собирање на средства за поскапите интервенции, како што се операции од специјалисти.

Тој вели дека научил многу повеќе од луѓето на улица отколку што тие можеле да научат од него. „И бездомните лица се луѓе. Работејќи на улица, искусив некои од најискрените приказни за љубовта, сочувството, борбата и надежта. Тоа ми го промени животот и ме инспирираше“ – вели тој.

Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн

„И најмалата помош може да направи голема разлика“ – додава Стјуарт.

Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн Стјуарт Квејн

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.