Почетна » Новости » Занимливости » „Секоја жена води различна битка“: Искрени фотографии ја покажуваат реалноста по породувањето

„Секоја жена води различна битка“: Искрени фотографии ја покажуваат реалноста по породувањето

Реалноста по породувањето е далеку поразлична од онаа на совршените постови на Instagram. Ретко која нова мајка може да изгледа како војвотката Кетрин неколку часа по породувањето. А вистината е дека не ни мора.

Џенуари Харш започна проект кој ги охрабрува новите мајки да се прифатат себеси онакви какви што се, без разлика дали имаат стрии на стомакот, чувствуваат болка во целото тело, се соочуваат со постпородилна депресија, имаат подуени гради или бутови кои се допираат.

„Она што го научив е дека секоја жена води некаква битка. Секоја жена се бори на различен начин. Сакам да ги покажам сите варијации на нормалното по породувањето и мајчинството“ – вели Харш и порачува: „Престанете да го следите секој профил на Instagram што прави да чувствувате дека треба да бидете некој друг“.

Искрени фотографии за породувањето

Диши длабоко... ова сум јас. Ова е моето тело. Моето тело како личност која преживеала рак, како личност со ампутација, како мајка на 3 деца. Имам лузни за да ги покажам битките кои ги водев, имам стрии за да ги покажам бебињата кои ги израснав. Моето тело кажува приказна, го покажува моето патување....

И сепак, никогаш не сум била посамокритична. Јас сум во 16-та недела по породувањето и сè уште дојам. Стомакот ми е мек, а градите никогаш нема да ми бидат цврсти и подигнати како некогаш. Денес морав да го запрам самокритикувањето... Морав да бидам подобра кон себеси, морав да се гледам како што ме гледаат луѓето кои ги сакам. Морав да ги видам неверојатните нешта кои ги има направено ова тело. Како е можно да ги гледам само недостатоците во телото кое ми има дадено толку многу? Ова е МОЕТО тело.

Искрени фотографии за породувањето

Ова фотографија ја споделувам затоа што е реална. Ова е мајчинство: сурово, импресивно, хаотично и неверојатно забавно, сè помешано заедно. Имањето бебе е прекрасно искуство, а реалностите на животот по породувањето не се зборувани доволно. И дефинитивно не се фотографирани доволно. Можеби на некои луѓе ќе им биде неудобно да го гледаат ова, но зошто? Навистина не разбирам! Сите ние треба да го искусиме и знаеме, да го поддржиме и прегрнеме секој аспект од раѓањето дете, вклучително и моментите како овој. Направете го тоа со смисла за хумор. Ништо не вели добредојде во мајчинството подобро од неодоливо буцкасто бебе и џиновска пелена за мајки.

Искрени фотографии за породувањето

Знам дека многумина од вас веројатно си помислуваат „Зошто би ја објавила оваа фотографија“, но мене ми требаа 18 месеци за да стигнам тука, 18 месеци за да не заплачам кога ќе се погледнам во огледало, 18 месеци за конечно да се почувствувам убаво во својата кожа. Никој не те предупредува за темните страни од мајчинството и бременоста. Никој не ти кажува колку многу ќе се промениш физички и ментално откако ќе станеш мајка. Беше долго и тешко постпородилно патување за мене. 18 месеци по мојот прв син и 5 месеци по мојот втор син конечно чувствувам дека можам да ја видам светлината и искрено се чувствувам прекрасно.

На здравје за вас мајки кои се борите со постпородилна депресија и сè уште се исправувате секој ден за своите деца! На здравје за сите вие мајки кои сè уште плачете за стриите на вашата кожа од раѓањето на вашите совршени бебиња. На здравје за мајчинството и на здравје за знаењето дека сето ова ќе помине и нештата ќе бидат подобри.

Искрени фотографии за породувањето

Можеби сум малку помека, но на крајот на краиштата сум посилна и овие стрии само ме потсетуваат каде некогаш сум ја чувала и растела Емилија Рен. Ова тело, ЈАС, можеби не сум истата како порано, но ако таа може да најде утеха и сигурност во ова тело, ќе најдам и јас.

Искрени фотографии за породувањето

Доењето е тешко. Навистина, навистина тешко. Понекогаш дури не можам ни да објаснам што е она што го прави толку тешко. Несигурноста, претпоставките, одговорноста, посветеноста, неудобноста... можам да продолжам да набројувам причини. Му верувавме на нашето тело додека ги растеше нашите бебиња цели 9 месеци, а сега мораме да му веруваме дека ќе им ги пружи на нашите бебиња хранливите состојки потребни за тие да растат и за се развиваат. Зошто притисок? Доењето е полно со неодговорени прашања. Не можеш да знаеш што се случува таму долу. Премногу? Премалку? Пресилно? Прекратко време? Затнати канали? Маститис? Како да не е доволно тешко... Но решена сум дека ќе издржам низ сето ова. Постојат гласини дека станува полесно.

Искрени фотографии за породувањето

Она што го знам е дека без разлика дали сте истоштени или страдате од постпородилна депресија или сте едноставно уморни, ќе издржите. Побарајте помош. Одделете си време за да се сакате себеси и да се грижите за себе. Не можете да налевате од празна чаша. Знам дека е тешко, но не сте сами и никогаш не треба да чувствувате дека не сте доволно вредни за да ја добиете помошта што ви е потребна. Вие вредите премногу. Вие сте мајка-воин, која родила прекрасно бебе и ја заслужувате секоја трошка љубов и поддршка која ја добивате. Не се откажувајте.

Искрени фотографии за породувањето

Без разлика како се породивте, периодот по породувањето е полн со лекување и пронаоѓање на новото нормално. Ментално, физички и емоционално. За тоа е потребно време. Повеќе од шест недели. Периодот по породувањето е само почеток...

Искрени фотографии за породувањето

Ова не е анорексија, ова е проблем со тироидната жлезда. Сè уште ги чекам резултатите од испитувањето на крвта, но докторот се сомнева дека се работи за хипертироидизам. Ако неодамна сте родиле бебе, сте изгубиле прекумерна тежина, се чувствувате како да сте на кокаин, одеднаш не поднесувате топлина, косата не престанува да ви паѓа и мислите дека вашиот сопруг е кретен, можно е да е до тироидната жлезда. Проверете се веднаш!

Искрени фотографии за породувањето

Се чувствувам како телото да ми е скршено... сè ме боли... Не можам лесно да се поврзам со бебето овој пат, денешниот ден е ужасен.

Искрени фотографии за породувањето

Зошто ја објавувам оваа фотографија? Можете да го видите целулитот на моите дебели нозе. Стомакот ми е огромен и изгледа како да сум сè уште бремена. Глуждовите ми се отечени и изгледаат како трупци. Можете да ја видите влошката на моите непривлечни болнички гаќи. Немам шминка и косата не ми е исчешлана со денови.

Зошто ја објавив фотографијата? Бидејќи ова е реалноста по породувањето. Ова е РЕАЛНО. ОВА Е ПОРОДУВАЊЕ.

Нема да се вратиш во нормала откако бебето ќе излезе. Нема да ги изгубиш килограмите од бременоста супер брзо. Глуждовите ќе продолжат да ти бидат отечени, а стомакот веројатно ќе ти биде заоблен.

Нема ништо ЛОШО во тоа. Само што донесе бебе на овој свет. Независно дали се породи со царски рез или вагинално, дете излезе од твоето тело и тоа е нешто ОГРОМНО!

Не ми е гајле дали облеката ми е отворена и ми се гледаат дебелите нозе или грозните гаќи. Само ми е гајле што сега сум мајка и дека сум потполно заљубена во ова мало човече.

Ја споделувам фотографијата зашто е РЕАЛНА, прекрасна и во тој момент чувствував ЉУБОВ и среќа.

Искрени фотографии за породувањето

Ова сум јас во пикот на постпородилната депресија. Кога ја гледам фотографијата, се сеќавам совршено на болката што ја чувствував, на стравот со кој се будев секој ден, на физичката болка која ме спречуваше да размислувам. Никогаш не ги познавав тие емоции кои го исполнуваа секој атом од моето постоење. Вака изгледа поспородилната депресија, барем за мене. Не сакав да го живеам овој живот, но ми се чинеше дека е единствениот начин за да се ослободам од болката во којашто се наоѓав. Не го побарав тоа и не беше добредојдено. Но се појави, а јас ја победив пред да дозволам да ме обземе, а уште полошо, да ми го одземе животот.

Искрени фотографии за породувањето

Огромни гради, мек стомак, полно срце! Женското тело е неверојатно. Да го гледаш како расте и се собира и се шири е чудесно. И покрај тоа, постои голем притисок за нештата да „се вратат во нормала“ по раѓањето бебе. БРЗИ ВЕСТИ: Не мора да се враќате на ништо. Вашето тело е засекогаш променето и тоа е нешто прекрасно.

Искрени фотографии за породувањето

Стомачињата по породувањето се прекрасни. Ако можете да најдете убавина во нејзиниот стомак, ќе можете да најдете и во сопствениот.

Искрени фотографии за породувањето

Утрово мојата дневна соба беше совршена... а потоа двајца слатки браќа се разбудија и ја превртија наопаку за само неколку секунди. Се учам да гледам на тоа како на двајца браќа кои создаваат спомени заедно, а не како на деца кои ми ја уништуваат совршената дневна соба. Сè е до перспективата. Не е лесно наново да го тренирам мојот ум ама учам.

Грижете се за себе (туширање, јадење и спиење), дозволете им на децата да бидат деца, гушкајте ги и стискајте ги, дремнувајте кога спие вашето новороденче, бидејќи времето минува навистина брзо. Одделете си време за да ги држите меките рачиња на вашето бебе и да гледате во нивните нови очи. Вистински прегрнете ја оваа нова сезона од животот, прифатете ја помошта што ви ја нудат и барајте ја кога не ви ја нудат. Поставувајте граници, учете да велите „не“ без да се извинувате, престанете да им удоволувате на сите, наоѓајте хумор во нештата и запомнете дека сопругот не ви е непријател. Кога ќе стане тешко, а ќе стане, потсетете се дека тоа нема да трае вечно.

Искрени фотографии за породувањето

Заробена под заспано бебе.

Искрени фотографии за породувањето

16 месеци по мојата бременост со близнаци. Добив и изгубив 30 килограми во најкраток можен период. Моето мајчинско тело создаде три деца и издржа две породувања. Царски рез, вишок кожа, стрии од бременоста и разделени мускули. Тоа сум јас. Чудото на животот.

Искрени фотографии за породувањето

На прв поглед ја мразев оваа фотографија, бидејќи се чувствував грдо и несредено, но потоа одеднаш сфатив дека тоа е искрено мајчинство. Ова сум јас и се грижам за моите деца повеќе одошто за себе. Нема потреба да ги криеме „грдите“ моменти од мајчинството, бидејќи тие се најубави.

Искрени фотографии за породувањето

Можете ли да се пронајдете? Таа секогаш го наоѓа патот до моето лице. Секогаш.

Искрени фотографии за породувањето

Како би можела да го мразам ова тело? Тоа те донесе тебе.

Искрени фотографии за породувањето

Гушнато на врвот на она што беше нејзин дом девет месеци.

Искрени фотографии за породувањето

Ова е реалноста по породувањето. Телото сè уште ми е меко. Мојот сунѓерест стомак сè уште се сеќава како го растеше, го хранеше и го чуваше ова бебе само пред една недела и две бебиња претходно. Градите ми се полни со млеко, полни со живот, полни со злато. Срцето ми е преплавено со љубов. Ова е по породувањето.

Искрени фотографии за породувањето

Во мојата утроба растеа 10 бебиња. Само четири се родија живи, но тоа е сепак неверојатно. Никогаш не сум се сакала себеси повеќе. Никогаш не сум се чувствувала поженствено. Избричена глава. Стомак со стрии. Подуени гради. Бутови што се допираат. Општеството не ме дефинира, туку мојата внатрешност.

Искрени фотографии за породувањето

Лошо осветлување.

Деформиран папок.

Искривена лузна од царски рез.

Разранети бутови.

Сè вредеше за да го пораснам и родам моето мало момче. Одбивам да бидам исмејувана. Лесно е да се избере фотографија со најдобро осветлување, но тоа не е реалниот живот. Не бидете обесхрабрени ако вашето тело по породувањето не изгледа исто како на мајките кои ги гледате на Instagram. Доброто осветлување и филтерите прикриваат многу нешта. Јас сум многу активна и се хранам здраво, но некои од овие стрии засекогаш ќе бидат на мене што и да правам. И тоа е во ред.

Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето Искрени фотографии за породувањето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.