Почетна » Новости » Занимливости » Сè повеќе жени си го бричат лицето не заради тоа што имаат проблем, туку само за да имаат супер мазна кожа

Сè повеќе жени си го бричат лицето не заради тоа што имаат проблем, туку само за да имаат супер мазна кожа

Отсекогаш имало жени кои практикувале бричење на лицето заради изразени влакна, но во последно време, сè поголем е бројот на припаднички на понежниот пол кои редовно си ги бричат лицата иако немаат проблем со зголемена влакнетост.

Зошто? Некои велат дека го прават само заради ексфолијација и да имаат помазна кожа, други за полесно и подобро да ја нанесуваат шминката, трети за младоликост.

Девојка

На YouTube има огромен број видеа во кои влогерки го објаснуваат процесот на бричење и ги споделуваат своите искуства. Додека повеќето од нив се задоволни со резултатите, има и девојки кои завршиле со ужасна иритација на кожата.

Бричењето на лицето поттикнува многу прашања, меѓу кои најгласно е она „Дали влакната растат подебели и поцрни?“. „Влакната нема да пораснат подебели или побрзо. Бричењето не го менува бројот на фоликули на кожата или пак брзината со која растат влакната“ – вели д-р Дебора Палмер, дерматолог од Њујорк, во интервју за Huffington Post.

Меѓу бенефициите кои се сврзуваат со бричењето на лицето е и младоликоста. Многу дерматолози тврдат дека бричењето е причината што мажите „стареат побавно“. „Тоа е една од причините што мажите изгледаат околу 5 години помладо од нивната возраст, бидејќи постојано си ја ексфолираат кожата преку бричењето и ги поттикнуваат новите клетки да излегуваат на површината на кожата“ – вели дерматологот Нил Шулц.

Иако сите кои си го избричиле лицето се согласуваат дека кожата е значително помазна и шминката се нанесува полесно, оваа козметичка процедура има многу негативни страни.

Прво, неопходно е редовно бричење – во некои случаи и по 2-3 пати неделно. Второ, има голем ризик од иритација на кожата, особено ако имате проблем со акни. Трето, можна е појава на поткожни влакна.

Блогерката Брие Ешли објави видео во кое го опишува проблемот со иритацијата на кожата по бричењето.

Дерматолозите советуваат бричењето секогаш да биде на чиста кожа и со добар брич кој редовно ќе го менувате. Тие велат дека секоја жена која има проблем со зголемена влакнетост треба да се консултира со експерт пред да премине на вакви мерки за ослободување од влакната.

Навистина, живееме во време во кое сме бомбардирани со идејата дека женската кожа треба да биде беспрекорно мазна и секое влакно е осудувано. Ако имате проблем со видливи влакна на лицето кои ви ја намалуваат самодовербата, можеби бричот е ваш најдобар пријател. Но, прашањето е дали вреди да се троши толку време и енергија само за помазна кожа и подобро нанесување на шминката?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9477 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.