Избрана е бојата која ќе ја одбележи 2017 година!
Зелена нијанса наречена „Greenery“ ќе доминира во претстојната година. Освежителна и ревитализирачка, оваа нијанса е симбол на нови почетоци.
„Знаеме во каков свет живееме: свет кој е стресен и многу напнат. Ова е бојата на надежта и на нашата врска со природата“ – изјави Леатрис Ајсмен, извршен директор во Pantone.












Бојата на годината која ја одредува Pantone има големо влијание не само во модната и козметичката, туку и во сите други гранки на индустријата. Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, а позната е по својот систем за стандардизација на боите.
Колоритна историја
„Розов кварц“ (Rose Quartz) и „Спокојство“ (Serenity) беа боите избрани за годината што изминува, додека во 2015 година владееше „Марсала“ (Marsala).


