Почетна » Новости » Занимливости » „Сакав да ти се заблагодарам што се ставаш во опасност за да помогнеш“: Тејлор Свифт изненади медицинска сестра

„Сакав да ти се заблагодарам што се ставаш во опасност за да помогнеш“: Тејлор Свифт изненади медицинска сестра

Тејлор Свифт одлично комуницира со нејзините фанови и неретко ги изненадува со подароци и лично напишани писма.

Па, кога слушнала дека во Џорџија има медицинска сестра која е нејзина голема обожавателка, 31-годишната пејачка знаела што треба да направи. Таа ѝ испрати на Брита Томасон пакет полн со удобна облека, свеќи и други предмети за релаксација надвор од работното време.

Брита Томасон

Но, тоа не е она што најмногу ја трогна Брита, туку писмото лично напишано од Тејлор во кое таа ѝ се заблагодарува за пожртвуваноста во време на пандемија.

Погледнете видео од реакцијата на Брита додека го чита писмото и ги разгледува подароците:

Еве што пишувало во писмото од Тејлор:

Драга Брита,

Сакав да ти пишам и лично да ти се заблагодарам што служиш во првите редови во оваа пандемија и што си доволно смела да го ставиш твојот живот во опасност за да им помогнеш на другите. Инспирирана сум од твојата страст да помагаш и да се грижиш за твоите пациенти и бев трогната кога неодамна спомна дека ја сакаш мојата музика. Ти испратив удобна облека за кога не си на должност. Ќе мислам на тебе и вечно ти сум благодарна.

Со љубов,

Тејлор

Брита Томасон

Возбудената медицинска сестра објави и фотографии од изненадувањето на Facebook, а во описот напиша: „Отсекогаш гледав видеа од нејзини фанови како ги отвораат пакетите кои им ги испратила, но никогаш не помислував дека ќе бидам дел од нив“.

Брита Томасон

Тејлор дознала за Брита по нејзино интервју за „The Telegraph“ во кое била запрашана што прави во слободното време.

„Ја обожавам Тејлор Свифт. Не го одрекувам тоа“ – рекла таа.

Брита Томасон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.