Почетна » Новости » Занимливости » Руски пранкстери го измамија принцот Хари дека зборува со Грета Тунберг, тој се отвори за „Мегзит“ и Доналд Трамп

Руски пранкстери го измамија принцот Хари дека зборува со Грета Тунберг, тој се отвори за „Мегзит“ и Доналд Трамп

Принцот Хари е најновата мета на руските пранкстери Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, кои минатата година си поиграа и со поранешниот премиер Зоран Заев.

Во аудио снимка која пранкстерите ја објавиле, а потоа ја избришале од YouTube, тие го навеле Хари да мисли дека разговара со Грета Тунберг и нејзиниот татко.

Сè уште нема коментар од Бакингемската палата.

Принцот Хари

Еве дел од разговорите.

За откажувањето од кралското семејство заедно со Меган Маркл: „Понекогаш правилната одлука не е најлесната одлука. И оваа одлука не беше лесна, но беше правилната за нашето семејство, правилна одлука за да можам да го заштитам мојот син. И мислам дека има многу луѓе на светот кои се идентификуваат и нè почитуваат што го ставаме семејството на прво место.“

За неговиот живот: „Бев во војска 10 години, па сум многу поприземна личност отколку што моето семејство би сакало да верува дека сум. Тоа што сме во поразлична позиција сега, ни овозможува да кажуваме и правиме работи кои претходно не можевме.“

За принцот Ендрју и неговата поврзаност со педофилот Џефри Епстајн: „Многу малку имам да кажам за тоа. Но, што и да има или нема направено, тоа е целосно независно од мене и мојата сопруга. Ние сме комплетно одделени од поголемиот дел од моето семејство.“

За Доналд Трамп: „Поради фактот што Доналд Трамп наголемо ја поддржува индустријата на јаглен, тој има крв на рацете.“

За климата: „За жал, светот е воден од болни луѓе, па луѓето како вас и помладата генерација се оние коишто ќе направат разлика.“

Пранкстерите двапати разговарале со Хари, и тоа на Нова година и на 22 јануари.

Принцот Хари

Минатата година, тие го убедија Зоран Заев дека разговара со Петро Порошенко и Јенс Столтенберг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.