Почетна » Новости » Занимливости » „Расфрланите играчки се знак на детска игра, валканите садови – на нахранети деца“: Татко ги воздигнува мајките кои целосно се посветуваат на децата

„Расфрланите играчки се знак на детска игра, валканите садови – на нахранети деца“: Татко ги воздигнува мајките кои целосно се посветуваат на децата

„Проблемот со мајките кои ја запоставуваат работата и остануваат покрај своите бебиња е во тоа што се оценувани според површни стандарди“ – порачува Џон Шнек.

Џон е вработен татко. Во минатото, и самиот тој недоволно го оценувал трудот на неговата сопруга која седела дома за да се грижи за децата. Во краток текст тој објаснува дека најголемиот проблем е што невработените мајки се оценувани по површни стандарди и дека од нив се очекуваат видливи резултати.

Според него, резултатот од трудот на мајките, како полните мешиња, сочувството, утехата и прегратките, не е видлив.

„Па, што правеше цел ден?“

Кренете рака ако ви било поставено ова прашање како мајки кои седат дома и се грижат за децата.

А сега искористете го за да им го плеснете на сите што ви го поставиле. Јас со сигурност го имам поставено ова прашање како татко кој излегува од дома.

Виновен сум за тоа, а исто така сум виновен што погрешно го сметав нередот за неактивност. Расфрланите играчки се всушност знак на детска игра. Виновен сум што ги сметав валканите садови за неактивност. Валканите садови во мијалникот се знак на добро нахранети деца. Виновен сум што го сметав неуредниот ходник со расфрлени книги и јакни за неактивност. Нашиот неуреден ходник е потсетник дека имаме место кое можеме да го нарекуваме наше и кое нè пречекува од ден на ден.

Сфатив дека ова е секојдневие за мојата сопруга.

Проблемот со мајките кои седат дома е во тоа што тие најчесто се оценувани на истата скала како оние кои работат надвор од домот.

Во мојата работа има видливи резултати. Можам да напишам извештај, да направам табела, да ги избројам моите состаноци и да го направам тоа со гордост. Можам да речам: „Еве што направив денес“. Мајките кои работат низ дома најчесто се оценувани на истата скала, но нивната работа не е секогаш видлива. Нема табели, нема извештаи и најчесто резултатите се спротивни од она што некој би го замислувал како успешен ден.

Морам да се потсетувам себеси дека градењето на карактерот најчесто не е видливо. Она што го читаме од книгите не може да се види. Сочувството, прегратките, утехата, топлината и полните мешиња се изгубени под неиспегланите, но сепак чисти алишта.

Проблемот со мајките кои седат дома е во тоа што се оценувани според површни стандарди.

Честопати погрешно ги сметаме парите, претприемништвото и статусот како мерка за продуктивност. Време е да престанеме да ги оценуваме мајките според чистотата на нивниот дом и да започнеме да ги оценува според нивното несебично инвестирање во другите.

Проблемот со мајките кои седат дома е во начинот на кој ги оценуваме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11868 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.