Сите кои внимаваат на исхраната и водат грижа за своето здравје, лебот го сметаат за „непријател” поради мислењето дека тој во телото создава масни наслаги и дека е тежок за согорување дури и при физичка активност, поради што во планот за исхрана неговото присуство често е избегнато.
Сите видови леб „се борат“ со оваа убедување, но на задоволство на пошироката популација и на љубителите на леб, како и на оние кои го познаваат процесот на здрава исхрана и важноста на протеините, постојат видови леб кои се навистина здрави. Протеините се од исклучителна важност за здравјето на секој поединец без разлика на возраста, начинот на исхрана и живот. Нивното консумирање влијае врз зајакнувањето на коските, мускулите, косата и кожата, а позитивно влијае и врз видот. Покрај тоа, тие му овозможуваат на организмот да создаде силен имунитет и да се избори со вирусите. За оние кои практикуваат здрав начин на живот и исхрана, или се обидуваат да го намалат вишокот килограми, идеален е протеинскиот леб кој изобилува со протеини, а има ниско ниво на јаглехидрати. Со оглед дека протеинот во него е од растително потекло (добиен од грав), ваквиот леб е погоден и за вегани, вегетаријанци и деца.

Жито Лукс на својот богат асортиман на производи кои содржат природни состојки и се квалитетни, го додаде и Нутри, протеинскиот леб. Овој леб ги задоволува потребите на сите потрошувачи, од вегани, професионални спортисти, до сите членови на семејството, вклучително и најмалите. Во својот состав има големо количество протеини, мало количество јаглехидрати, црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква кои го збогатуваат вкусот и нутритивноста.

За здрав, обилен и вкусен оброк е потребен леб, а најдобар избор е Нутри протеинскиот леб наменет за сите!
Комерцијален текст