Почетна » Новости » Занимливости » #ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

#ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

  • AVON и Фондацијата за жени на AVON го објавија партнерството вредно 300.000 долари со Светската асоцијација на жени водичи и извидници (World Association of Girl Guides and Girl Scouts (WAGGGS)).
  • Партнерството ќе гради свесност и ќе едуцира за родовото насилство за да допре до милиони жени и девојчиња
  • Најавата е во духот на одбележувањето на 16 Денови активизам против родовото насилство, ако козметичкиот гигант ќе охрабри милиони луѓе да прозборат и да слушнат (#SpeakOutListenUp) за знаците на родово насилство, напад и злоупотреба
Avon - кампања против родово насилство

AVON и Фондацијата за жени на AVON го објавија партнерството со Светската асоцијација на женски водичи и извидници (World Association of Girl Guides and Girl Scouts (WAGGGS)) за борба против родовото насилство. Најавата е во знакот на 16 Денови активизам против родовото насилство, а самото партнерство следи по истражувањето финансирано од страна на AVON Фондацијата, со кое се откри дека 38% од жртвите на насилство и злоупотреба не се сигурни каде да побараат помош, додека 60% од нив не веруваат дека ќе бидат сериозно сфатени.

AVON ќе соработува со WAGGGS за да ја осигура можноста дека поголем процент на жени и девојчиња ќе бидат способни да го препознаат родовото насилство и да ги знаат изворите од каде може да добијат помош. Како дел од партнерството, организациите ќе лансираат нова програма за обука и свесност за Претставниците на AVON, како и за жените водичи и извидници во 3 земји: Јужна Африка, Филипини и Аргентина. Целта на ова партнерство е да се креираат материјали за обука кои ќе може да се користат низ целиот свет, со потенцијал да допрат доповеќе од 15 милиони жени и девојчиња - обучени од AVON и WAGGGS.

Програмата е дизајнирана да го засегне молкот надвиснат над родовото насилство, охрабрувајќи ги жените и девојчињата кои се жртви на насилство и злоупотреба без страв да проговорат и да ја добијат потребната поддршка.

Претседателката на Фондацијата за жени на AVON, Ејми Грин, изјави: „AVON Фондацијата е посветена на рушење на бариерите кои ги кочат жените и девојчињата. Една од три жени е директна жртва на родово насилство ширум светот, додека семејното насилство е убиец на многу жени. Премногу често, жените и девојчињата тивко страдаат, а препознавањето на знаците на насилство и злоупотреба може да претставуваат потешкотија за пријателите и семејството. AVON сака да го отвори дијалогот за насилството врз жените и девојчињата, да помогне во едукацијата и да ги охрабри луѓето да проговорат за тоа. Заедно со WAGGGS имаме простор и можност да допреме до многумина и да направиме значителна разлика.”

Претседателката на Светската Асоцијациј ана жени водичи и жени-извидници, Сара Нанколас, изјави: „Насилството врз жените и девојчињата е еден од најзастапените и светски познати нарушувања на глобалните човечки правакое добива епидемиски пропорции. Во партнерство со AVON Фондацијата, ние ќе ги поддржиме младите девојки и девојчиња да станат носители на промените во сопствената околина, да почувствуваат дека имаат глас за борба и да градат свесност преку разбивање на митовите со кои е обвиткано насилството и дискриминацијата. Ние сме благодарни за поддршката од AVON и AVON Фондацијата во унапредувањето на оваа исклучително важна мисија.”

Avon - кампања против родово насилство

Покрај партнерството со WAGGGS, AVON останува посветен да биде глобален глас кој ќе фрли светло на многуте форми на насилство, напади и злоупотреба со кои се соочуваат жените и девојчињата. Во текот на 16-те дена активизам против родовото насилство, во периодот помеѓу од 25 ноември до 10 декември, AVON ќе донира средства од продажбата на производи од специјалата линија со син знак на бесконечност, со цел поддршка на невладини организации ширум светот кои се борат против родовото насилство. Досега, за таа цел, AVON Фондацијата икомпанијата AVON донирале 65 милиони долари во светски рамки.

AVON Македонија ја оствари својата прва донација во вредност од 10.000 долари во 2017 година, отпочнувајќи го партнертството со невладината организација Кризен центар „Надеж”. Средствата беа наменети за едукација, поддршка на СОС линијата и подобрување на условите на шелтер центарот.

Заложбите и посветеноста за креирање на подобар и побезбеден свет за жените и девојчињата продолжува и понатаму!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.