Почетна » Новости » Занимливости » Пристигнаа нови бургери во KFC!

Пристигнаа нови бургери во KFC!

Компанијата KFC го прошири своето портфолио во Македонија со три нови производи, Triple Double бургер, Cheese бургер и крцкави wedges. Лансирањето на новите производи следи како резултат на континуирано воведување иновации во понудата и следење на барањата на потрошувачите. Новите производи се веќе достапни во рестораните на KFC во Скопје (City Mall и Ramstore)и Тетово (Palma Mall).

KFC

„За прв пат во нашата понуда на бургери вклучивме нови состојки кои не беа дел од стандардната понуда на KFC во Македонија, а комбинацијата на вкусови им овозможува максимално уживање на сите љубители на храна. Triple Double бургерот е најголем бургер досега кој е збогатен со трипати повеќе состојки, односно 3 парчиња Crispy Strips, 2 парчиња кашкавал, ајсберг, бургер сос, краставички, кромиди големо лепче. Cheese бургерот е одличен избор за младите, додека пак, wedgesкомпирите се одличен додаток на сите типови на бургери, buckets и дипови. Со новата понуда веруваме дека ќе ги задоволиме и нашите најпребирливи потрошувачи.”– изјавија од маркетинг тимот на KFC.

Двата бургери ќе бидат понудени и со оброк во комбинација со пијалок и помфрит.

KFC

KFC е лидер во подготовка и послужување на пилешко. За помалку од една година во Македонија се отворени три ресторана, во Скопје и Тетово, а проекциите се тој број да се зголеми до крајот на годината. Со повеќе од 24.000 ресторани во повеќе од 130 земји KFC претставува најголемиот ланец на ресторани и еден од главните лидери на прехранбената индустрија во светот. Препознатлив по познатиот заштитен рецепт од 11 зачини на основачот Colonel Sanders, рестораните нудат различниспецијалитети од пилешко, како бургери, buckets, врапови и слично. KFC е дел од групацијата YUM! под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.