Британското кралско семејство денес е покането на празничен ручек во Бакингемската палата. На традиционалната свеченост по повод Божиќ, која е организиран од кралицата Елизабета, ќе присуствуваат околу 50 лица.
Принцот Хари беше фотографиран заедно со свршеницата Меган Маркл во автомобил кој се упатуваше кон палатата.







Принцот Вилијам и војвотката Кетрин ќе присуствуваат на ручекот заедно со нивните деца Џорџ и Шарлот, како и нивната дадилка.





