Почетна » Новости » Занимливости » Принцот Хари се отвори за емотивните моменти кога чекореше зад ковчегот на принцезата Дијана

Принцот Хари се отвори за емотивните моменти кога чекореше зад ковчегот на принцезата Дијана

Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа пред речиси 20 години. Светот ја изгуби омилената принцеза, а принцовите Вилијам и Хари останаа без незамелнивата фигура – мајката.

Хари имаше само 12 години кога беше дел од погребната поворка на „кралицата на срцата“. Сега, тој проговори за емотивните моменти во кои го следеше ковчегот на неговата мајка пред будното око на јавноста.

Хари Хари Хари

„Мајка ми тукушто почина, а јас морав го изодам долгиот пат зад нејзиниот ковчег, опкружен од илјадници луѓе кои ме гледаа додека милиони лица ме набљудуваа на телевизија. Сметам дека од ниту едно дете не треба да се бара да го прави тоа, независно од околностите. Мислам дека тоа не би се случило денес“ – изјави Хари во интервју за „Newsweek“.

Хари Хари Хари

Хари признава дека смртта на Дијана оставила длабока трага во него. Извесен период тој беше бунтовно момче, но сега се фокусира на стабилен живот исполнет со хуманитарни активности.

Големата промена тој ја направил во доцните 20-ти години, кога Вилијам го советувал да побара стручна помош.

„Мајка ми умре кога бев многу млад. Не сакав да бидам во ситуацијата во која бев, но најпосле ја извлеков главата од песокот, започнав да ги слушам луѓето и одлучив да ја искористам мојата улога за добро. Сега сум полн со ентузијазам и енергија и ги обожавам хуманитарните активности, среќавањето со луѓе и тоа да им мамам насмевки. Сè уште понекогаш се чувствувам како златка рипка во аквариум, но се справувам поинаку. Сè уште имам палава страна, во која уживам и преку која се зближувам со лицата кои западнуваат во неволја“ – вели тој.

Хари Хари Хари Хари

Како свој приоритет, Хари си има зацртано да води „обичен живот“. „Мајка ми имаше голема улога во покажувањето на тоа што е обичен живот, а тоа вклучуваше да нè води мене и брат ми да гледаме бездомни луѓе. Фала му на Бог што не сум комплетно отсечен од реалноста. Луѓето би биле зачудени да знаат колку обичен живот живееме јас и Вилијам. Јас сам пазарувам. Понекогаш, кога се враќам од месар во локалниот супермаркет, се плашам дека некој ќе ме фотографира со телефон. Но, јас сум решен да водам нормален живот, и ако сум доволно среќен да имам деца, тие ќе имаат ист таков живот. Дури и да би бил крал, би си пазарувал сам“ – објаснил тој.

Хари Хари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.