Сѐ поголем број парови се соочуваат со потешкотии во остварување на бременост, поради возраст, генетски фактори или неoбјасниви медицински причини.
Благодарение на напредокот во репродуктивната медицина, сега е возможно да се направи прецизна генетска анализа на ембрионите пред нивно враќање во матката на жената. Една од најсовремените методи што се користи во овој контекст е PGT-А (Preimplantation Genetic Testing for Aneuploidy).

Што претставува PGT-А?
PGT-А е генетска анализа која се спроведува врз ембриони создадени преку ин витро фертилизација (IVF). Со оваа метода, се проверува дали ембрионот има правилен број на хромозоми – состојба позната како еуплоидија. Само еуплоидните ембриони имаат поголем потенцијал за успешна имплантација, бременост и раѓање на здраво бебе .
Методата вклучува биопсија на неколку клетки од ембрионот, кои потоа се анализираат во специјализирана генетска лабораторија.Процесот е безбеден за ембрионот и овозможува подобра селекција пред ембриотрансферот.
Кои се придобивките од PGT-А?
Според водечките европски и американски клиники за плодност, PGT-А овозможува:
- Значително зголемување на шансите за успешна имплантација
- Намалување на ризикот од спонтани абортуси, особено кај жени над 35 години
- Селекција на ембриони со најголем потенцијал, со што се избегнуваат неуспешни циклуси
- Превенција од пренесување на хромозомски аномалии на потомството
Шансите за успех - бројки што значат многу
Истражувањата покажуваат дека стапката на успешност по PGT-А селекција се зголемува значително во сите возрасни групи:
- До 35 години: 70–75%
- 35–39 години: 65–70%
- 40–42 години: 60–65%
- Над 42 години: 50–55%
Како што жената старее, шансите за природно зачнување опаѓаат, а бројот на анеуплоидни ембриони (со генетски грешки) расте. Поради тоа, PGT-А станува сѐ почест избор, особено кај пациентки со повеќе неуспешни IVF циклуси или претходни абортуси.
Искуството во Newborn Clinic
Во Newborn Clinic, неколку пациентки веќе го избраа PGT-А како дел од нивниот ин витро третман. Тимот на клиниката соработува со светски призната генетска лабораторија, овозможувајќи највисоко ниво на прецизност и грижа. Резултатите од првите циклуси се ветувачки и се очекуваат позитивни исходи.
„Нашата цел е да ги поддржиме паровите не само со стандардна терапија, туку и со напредни методи кои нудат реални резултати. PGT-А е дел од иднината на IVF“, велат од тимот на клиниката.
Кога да размислувате за PGT-А?
Овој тест може да биде од голема помош за:
- Парови со повеќе неуспешни IVF обиди
- Жени над 35 години
- Случаи со историја на спонтани абортуси
- Пациенти со познати хромозомски абнормалности
- Парови кои сакаат да го минимизираат ризикот од генетски нарушувања кај потомството
Ако размислувате за IVF или сакате да дознаете дали PGT-А е соодветен за вас, консултирајте се со специјалистите на Newborn Clinic. Тимот е достапен за индивидуални консултации и креирање на персонализиран план за третман.