И покрај силната болка која ја чувствува поради загубата на своите колеги, особено на својата пријателка Сара Пројковска, Ана Костадиновска смогна сили повторно да запее.
Талентираната музичарка за првпат се врати на сцената по пожарот во Кочани од кој успеа да се спаси. Ана синоќа ѝ беше придружен вокал на Каролина Гочева за време на нејзиниот концерт во Валандово.





„Сите убави, прекрасна публика, Валандово ова се памети, ги надминавме моите очекувања, Ви благодарам Валандово“ – рекла Каролина по концертот.




Ана и Сара беа многу блиски и заедно придружуваа многу пејачи на нивните концерти, а на кобната ноќ кога беше пожарот во дискотеката „Пулс“ настапуваа со групата ДНК.



ФОТО: Instagram, Facebook / Radio Valandovo 91.6 fm