Почетна » Новости » Животни стории » Принцовите Вилијам и Хари се отворија за емотивните моменти по смртта на принцезата Дијана

Принцовите Вилијам и Хари се отворија за емотивните моменти по смртта на принцезата Дијана

За една недела изминуваат 20 години од смртта на принцезата Дијана. BBC сними документарен филм насловен „Diana, 7 Days“, за згаснувањето на животот на „кралицата на срцата“, во кој дадоа емотивни интервјуа и нејзините две деца – принцовите Вилијам и Хари.

За смртта на Дијана

За моментите кога чекореа зад ковчегот и погребот

За смртта на Дијана

Принцот Вилијам: „Тоа беше најтешкото нешто кое сум го направил. Имав чувство како таа да чекори покрај нас за да ни помогне да издржиме.“

Принцот Хари: „Беше необично луѓето да гледаат млади момчиња како не плачат додека сите други плачеа. Песната на Елтон Џон беше неверојатно емотивна. Тоа речиси ме донесе до точка на плачење во јавност, но ми е мило што не се случи.“

За смртта на Дијана

За малтретирањето од папараците

Принцезата Дијана можеби е најфотографираната личност на светот. Секој нејзин чекор беше овековечуван од папараците, кои редовно беа и премногу нападни. Сообраќајната несреќа во која загина Дијана во голема мера беше по вина на папараците, кои го следеа нејзиниот автомобил.

Додека шоферот се обидуваше да им избега на фотографите, се удри во ѕидот на тунел во Париз. Во несреќата загинаа Дијана, нејзиниот партнер Доди ал Фајед и шоферот, за кого подоцна се утврди дека бил под дејство на алкохол.

За смртта на Дијана

Принцот Хари: „Една од најтешките работи со која треба да се помириш е фактот дека луѓето кои ја бркаа кон тунелот беа истите луѓе кои ја фотографираа додека умираше на задното седиште на автомобилот. Јас и Вилијам го знаеме тоа, ни го имаат кажано лица кои знаат дека беше така. Таа имаше сериозна повреда на главата, но беше жива на задното седиште и оние кои ја предизвикаа несреќата, наместо да ѝ помогнат, ја фотографираа додека умираше. И потоа, тие фотографии стигнаа до медиумите во оваа земја.“

Принцот Вилијам: „За жал, многу мои спомени се вратат околу тоа да се обидеме да ја расположиме. Верувам дека има плачено заради медиумите повеќе одошто за што било друго во нејзиниот живот. Таа беше подложена на третман кој во ова време би се сметал за крајно одбивен. Секој пат кога ќе излезеше, имаше глутница луѓе кои ја чекаа. Глутница кучиња кои ја следеа, ја бркаа, ја малтретираа, ја нарекуваа со погрдни имиња, плукаа по неа, обидувајќи се да добијат реакција, да стигнат до фотографија на која таа избувнува, да ја вознемират.“

За емотивните реакции на луѓето и прикривањето на нивната тага:

Принцот Вилијам: „Сите плачеа и лелекаа и сакаа да нè допрат. Јас имав 15 години, а Хари 12, ништо не може да го опише тоа. Беше многу необично. Луѓето сакаа да нè зграпчат и да нè допрат. Викаа, лелекаа, фрлаа цвеќиња и врескаа и липаа и плачеа. Губеа свест и колабираа.“

За смртта на Дијана

Принцот Хари: „Навраќајќи се назад, мило ми е што никогаш не заплакав во јавност, затоа што има фина линија помеѓу работата и тажењето додека работиш и тажиш приватно. Дури и некој да се обидеше да ме расплаче во јавност, немаше да може и веројатно сè уште не можам да плачам во јавност. Тоа што се случи тогаш ме промени во тој правец.“

За моментите кога од принцот Чарлс дознаа дека останаа без мајка:

Принцот Вилијам: „Се сеќавам дека се чувствував здрвен. Дезориентиран, зашеметен.... И цело време само се прашуваш: Зошто мене?“

Принцот Хари: „Едно од најтешките нешта за родител е да треба да им каже на децата дека другиот родител починал. Но тој беше тука за нас.“

За смртта на Дијана

За љубовта помеѓу нив и Дијана

Принцот Вилијам: „Таа нè сакаше мене и Хари. Дури и 20 години подоцна, додека седам тука, сè уште можам да ја почувствувам таа љубов, сè уште ја чувствувам топлината и 20 години подоцна. Таа имаше многу топлина, сакаше луѓето да се чувствуваат специјално. Знаеше дека е во уникатна позиција и дека може да мами насмевки и да прави луѓето да се чувствуваат добро за себе. Ако можам да бидам само делче од она што беше таа, ќе бидам многу горд и се надевам дека таа ќе се гордее со мене“.

Принцот Хари: „Кога си толку млад и такво нешто ти се случува, тоа се врежува во твоето срце и во главата и останува долго, долго време. Години подоцна, поминав долг период со главата закопана во песокот, размислувајќи дека не сакам да бидам принцот Хари, дека не ја сакам таа обврска и таа улога. Погледнете што ѝ се случи на мојата мајка, зошто ова да ми се случи мене? Сега сè што сакам е да ги пополнам дупките кои таа ги остави. Да направам разлика и да ја направам горда. Таа беше принцезата од Велс и се залагаше за многу нешта, но за нас беше наша мајка и нас ќе ни недостига мајка ни и секој ден ќе се прашуваме како би било ако таа беше покрај нас.“

За смртта на Дијана За смртта на Дијана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11063 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.