Почетна » Новости » Занимливости » Признание за најуспешен хотел со спа понуда за хотел Руссиа

Признание за најуспешен хотел со спа понуда за хотел Руссиа

По повод 27 септември, Светскиот ден на туризмот, Министерството за економија им додели признанија на најуспешните туристички агенции, хотелиери, туристички манифестации и најдобро уредени плажи што ја одбележаа 2016 година.

Предлозите се направени заедно со туристичките здруженија и комори, со земање во предвид на извештаите од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во делот на доделени субвенции за организиран туристички промет, како и активностите на комисиите кои работат на категоризација на хотели, ресторани и лиценцирање на туристички агенции.

Хотел Руссиа

Признание за најуспешен хотел со спа понуда доби и хотел Руссиа. „Перцепциите на клиентите во врска со квалитетот на нашите услуги се засновани на долгорочни проценки кои обезбедуваат позитивна емоционална реакција кон спа услугите. Обезбедувањето задоволство е наш стратешки императив. Со позиционираноста на хотел Руссиа се надевам дека ќе допринесеме Скопје и Македонија да се најдат на светската туристичка мапа, а градот ќе биде препознаен не само како историска и културна атракција но и како активна и спортска метропола за многу повеќе интернационални доживувања“ – изјави генералниот менаџер на хотел Руссиа, м-р Јелена Костадиновиќ Танев по повод добивањето на ова признание.

Годинава Светскиот ден на туризмот се слави под мотото „Туризам за сите: лица со хендикеп, стари лица и семејства кои патуваат со мали деца“, а официјалната прослава се случува во Бангкок, Тајланд.

Хотел Руссиа Хотел Руссиа

За актуелните понуди и промоции информирајте се на www.hotelrussia.mk, на Facebook и Instagram.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.