Единствената игротека во Скопје која подготвува креативни работилници, театарски претстави, ги организира најзабавните роденденски забави, а во која дипломирани педагози се грижат за децата без присуство на родител, е игротека „Бајка“ која е дел од Спортскиот центар Јане Сандански.
Оваа недела на 20.10.2016 (четврток), со почеток од 18 часот, во нашата игротека ќе се одигра театарската претстава „Штурецот и мравката”.

Ги покануваме сите дечиња да дојдат заедно да ја проследиме претставата, и да погледнете како штурецот, а како мравката се подготвува за зимскиот и студен период во годината. Картата чини 100 денари.
Додека дечињата ја следат претставата, најблиските може да ја искористат нашата неделна понуда – бело топло чоколадо за 80 денари, и да се опуштат на нашата тераса.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk или пак следете нè на Facebook и Instagram и бидете во тек со последните новости и случувања.
Комерцијален текст