Почетна » Новости » Занимливости » Прекрасна фотографија од шест мајки на виножито-бебиња, која симболизира љубов по загуба

Прекрасна фотографија од шест мајки на виножито-бебиња, која симболизира љубов по загуба

Шест храбри мајки, кои во минатото изгубиле чедо, позираа во прекрасна виножито-фотосесија заедно со своите виножито-бебиња. На фотографијата, која е симбол на мир по болка, на љубов по загуба, четири од мајките позираат заедно со своите деца, а две од нив ги прегрнуваат големите труднички стомачиња.

Мајки

Фотосесијата со мајките Хедер, Хилари, Кејла, Сара, Ешли и Хана е дело на фотографката Алекс Болен, која во описот напиша:

Виножитото е ветување
за сонце по дожд,
за спокој по бура,
за радост по тага,
за мир по болка,
за љубов по загуба.

Виножито-бебе е бебе родено по загуба на чедо. Овие мајки се само 6 од милиони кои секојдневно искусуваат загуба во текот на бременоста или по породувањето. Некои од нив зборуваат за тоа. Некои го премолчуваат. Некои изгубиле многу. Некои се обидуваат со месеци или со години. Некои се сретнуваат со своите заспани ангелчиња. Сите се сакани и никогаш нема да бидат заборавени.

Шесте жени позираа и во одделни фотосесии, а ги споделија и своите приказни за да поттикнат и други жени да зборуваат за своите искуства.

По прекрасната прва бременост и родено здраво синче, Хилари и сопругот одлучиле да имаат уште едно дете. За жал, нивната втора бременост завршила со спонтан абортус. Два месеци подоцна, Хилари повторно забременила и на 21 јуни оваа година го родила вториот син. „Тој е наш благослов по бурата. Нашата убавина по болката. Тој ни помогна да ги излечиме нашите срца“ – вели таа.

Хилари

Кејла била бремена со шестото дете кога поминала низ спонтан абортус. Шест месеци подоцна, таа повторно забременила и во моментов го очекува своето „мало чудо“. „Сакам другите родители да знаат дека по таква трагедија има светлина на крајот од тунелот“ – вели Кејла.

Кејла

Хедер стапила во брак со сопругот во 2008 година. По еден спонтан абортус го добиле нивниот 4-годишен син Доминик. Кога Доминик имал една година, Хедер повторно забременила, но го изгубила бебето на крајот на првиот триместар. Во моментов е во 38. недела од својата четврта бременост.

Хедер

Сара го изгубила своето прво бебе на 19-годишна возраст, но оттогаш има родено две деца. „Сакам другите жени за знаат дека е ВО РЕД да зборуваат за загубата. Спонтаниот абортус мора да престане да биде табу тема“ – вели таа.

Сара

Ешли ја добила ќеркичката Еди по 4 спонтани абортуси, а ќеркичката Соер Кејт по еден спонтан абортус. Ешли се соочила со уште еден спонтан абортус откако одлучиле со сопругот да имаат трето дете. За среќа, таа повторно забременила и во мај оваа година го родила првиот син. „Поминав низ многу инјекции, лекарства, трансфузии, солзи. Вкупно 6 загуби, но ми беше даден овој неверојатен дар да им бидам мајка на овие бебиња. Бог е добар, секогаш, знајте го тоа“ – вели таа.

Ешли

Хана имала нормална прва бременост до 33. недела, кога открила дека нејзиното бебе е мртво. Шест месеци подоцна, таа повторно зачнала и во август оваа година го родила своето виножито-бебе. „Се надевам дека мојата приказна ќе им донесе надеж на другите мајки кои очекуваат виножито-бебиња. Нашите бебиња не се меѓу нас, но никогаш нема да бидат заборавени“ – вели таа.

Хана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11077 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.