Почетна » Новости » Занимливости » Прекрасна личност и голем човек: Џејсон Момоа изненади момче со рак на мозокот кое го обожава Аквамен

Прекрасна личност и голем човек: Џејсон Момоа изненади момче со рак на мозокот кое го обожава Аквамен

Дени Шиен го обожава „Аквамен“. Видео во кое момчето со ретка и агресивна форма на рак на мозокот добива играчка со ликот на омилениот суперхерој стана хит на социјалните мрежи.

„Боже! Мојот омилен! ГО ОБОЖАВАМ АКВАМЕН“ – вика Дени во видеото додека го отвора својот подарок.

Видео

Но, има нешто што уште повеќе го израдува 7-годишното момче од добивањето на омилената играчка. Дени имаше можност да се подружи со својот омилен суперхерој, чија улога ја толкува актерот Џејсон Момоа.

Преку видеоповик, болното момче разговараше со Момоа.

„Здраво, Аквамен“ – вели Дени.

„Здраво, убаво момче“ – му возвраќа Џејсон.

Дени му кажа на Џејсон дека обожава делфини и му ја покажа играчката која ја доби како подарок.

Видео

На Дени му била дијагностицирана ретка форма на тумор на мозокот на 4-годишна возраст, по тешки епизоди на повраќање и главоболки.

Дени Дени Дени

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.