Почетна » Новости » Занимливости » Познати се победниците на деловниот „hackathon” на Аргета

Познати се победниците на деловниот „hackathon” на Аргета

Во петокот и саботата на 25 и 26 ноември 2016 година во љубљанскиот БТЦ се одвиваше меѓународниот деловен „hackathon” на Аргета (www.business-hackathon.com), дводневен меѓународен натпревар на бизнисмени и млади менаџери во решавање на деловните предизвици на Аргета, во организација на БИЦ, Business Intelligence Center (www.bic-center.com).

„hackathon” на Аргета

Повеќе од 80 учесници два дена непрекинато работеа во групи и бараа креативни и иновативни деловни решенија. Организаторите имаа тешка задача при изборот на победниците, бидејќи одлични деловни идеи имаше повеќе од доволно.

Изјави на задоволните организатори за успешниот „hackathon”:

Мојца Авшич, директорка за истражување и развој, СПП Деликатесни намази, Дрога Колинска / групација Атлантик: „Со задоволство можам да кажам дека добивме голем број многу интересни и иновативни решенија што ќе ги вклучиме во нашето развојно портфолио.“

Енцо Смрекар, претседател на управата, Дрога Колинска, членка на групацијата Атлантик: „Ние во групацијата Атлантик ги поддржуваме иновативните проекти, кои се извор на иновативни идеи на т.н. open source communities и поради тоа се одлучивме за деловен „hackathon”. Победничкото решение нè увери со целосниот и образложен идеен концепт како и со креативната замисла и дизајнот. За изненадување е тоа што членовите на победничката екипа имаа многу различни стручни познавања и искуство – човечки ресурси, информатичка технологија и фармација. Тоа покажува дека идеите се навистина насекаде. Само мораме да ги препознаеме!“

Даниела Бервар Котоленко, директорка на Business Intelligence Center: „Целта на нашите деловни хакатони се конкретни решенија и иновации за претпријатието, кое може навистина да ги стави на полиците. Битен е конечниот резултат, а тоа и овој пат ни успеа. Тајната е во добрата подготовка, на претпријатието и на учесниците, како и процесот на следење и имплементација на иновацијата после деловниот „hackathon”.“

Победничката група, која добива МБА модул за претприемништво на школото Cotrugli и 2000 евра парична награда, ја сочинуваа: Елена Цанева, Алјоша Соклич и Дејан Ташнер.

Победник на меѓународниот деловен „hackathon” на Аргета стана Матео Мозетич, кој ќе добие модуларно образование на Harvard Business School, HBX Disruptive Strategy program.

Организаторите и покровителите ги наградија сите учесници на натпреварот со богати вреќички со подароци.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.