Почетна » Новости » Занимливости » Познатата инстаграмџика Ane Djeo го споделува искуството со Philips Lumea

Познатата инстаграмџика Ane Djeo го споделува искуството со Philips Lumea

Познатата инстаграмџика @Ane Djeo го користи Philips Lumea веќе месец и половина. Со четири направени третмани, Ане е подготвена да застане зад ефикасноста на уредот, а за сите оние кои сè уште се двоумат да го купат, во продолжение се нејзините впечатоци, искуство и нејзината Лумеа рутина.

ДА! СРЕЌАТА Е ВНАТРЕШНА СОСТОЈБА , НО ЗАТОА PHILIPS LUMEA Е ЕДНА ОД НАШИТЕ МОЖНОСТИ ДА ГО ОСЕТИМЕ ТОА ЧУВСТВО

Lumea

Со раширени раце ги дочекав убавините на оваа пролет, а една од тие убави работи е дружба со Philips Lumea Prestige. Драго ми е што можам да го споделам моето искуство од користењето и нејзината ефикасност и со тоа да им помогнам на сите оние кои сакаат да пронајдат долготрајно решение за влакната и конечно да можат да си го олеснат начинот на живот барем во таа област, која верувам дека кај повеќето е деликатна.

Philips Lumea Prestige e апарат за домашна употреба и прв IPL во светот со заоблени smart додатоци кои се специјално дизајнирани за различните делови од телото. IPL претставува „интензивна пулсирачка светлина” која овозможува забавување на растот на влакната. ДА! Звучи интересно, баш онака како што и јас го прифатив штом слушнав и прочитав за тоа. И сега, ДА! Среќна сум што сум дел од тимот на среќните девојки кои ја користат Лумеата.

Пред да се запознам со Лумеата, знаев само за традиционалната депилација со восок (која не e баш е пријатна и одзема доста време, а влакната постојано се појавуваат, нели? ☺ и за ласерското отстранување за кое не верував воопшто, и веќе се откажав од таа опција. Кога прв пат се сретнав со Philips Lumea Prestige, така и јас бев скептична (бидејќи ме потсети на ласерската депилација), но кога ми ја презентираа и кога малку прочитав повеќе за неа и искуствата на некои претходни девојки, веќе ми влеа надеж и само кажав „Да, и јас сакам да ја пробам.“ Еве како изгледаше мојата прва средба со Лумеата:

A post shared by @ane_djeo_ on

Lumea

Јас сум од оние девојки кои имаат комбинирани влакна на различни делови од телото, т.е и светли и темни влакна (секако бидејќи за светлите влакна може да се каже дека не се ни проблем ни загрижувачки, среќни се оние и кои ги имаат ☺).

Ја користам не цели 2 месеци, до сега направив 4 третмани (од кои четвртиот го направив викендов). Можам да кажам дека уште при вториот третман, резултатите се видливи и дека 1/3 од влакната се намалени, а веќе после третиот третман растот на влакната е забавен, и 70-80% од влакната се исчезнати. Третманот го практикувам после туширање на чиста и добро исушена кожа. Ги третирам половина нозе, цели раце, пазуви, надусници и зоната – бикини. Започнувам да го користам со полна батерија и со едно полнење на батеријата постигнувам да го поминам долниот дел на нозете и цели раце. Потоа го ставам на полнач и продолжувам на останатите делови кои се пократки. Употребата навистина е лесна. При неговото вклучување, го поставувате интензитетот од еден до пет, го допирате на кожата, чекате 2-3 секунди додека ја препознае бојата, и откако ќе се подеси интензитетот, само притискате на копчето за потврдување. Го користам Smart Skin сензорот, кој го одредува нивото на интензитет соодветно за бојата на кожата. Исто така го користам додатокот за тело и додатокот кој е посебен за лице, под пазуви и бикини-зоната. За лицето (третирам само надусници ) го користам додатокот наменет за помала површина, кој дополнително има специјален филтер за деликатна област, како и мал рамен отвор за нежна и прецизна примена за над усните, брадата и бакенбардите. А за површината на бикини-зоната и под пазувите исто така користам додаток кој е заоблен и кој вклучува екстра-провиден филтер и кој има посебен дизајн за ефикасноста на влакната на тие зони при што овозможува да се третираат и дури најнедостапните влакна, бидејќи нели на овие зони влакната ни се погусти и поцврсти. Како и што кажав сите додатоци имаат заоблен дизајн, нанадвор или навнатре за да ги следат облините на моето тело! Сето ова мене ми оди супер лесно, готова сум за 40тина минути и подготвена за летото кое со нетрпение го чекам! Затоа ја сакам мојата Lumea ❤. Еве овде накратко можете да видите на што мислам ☺

A post shared by @ane_djeo_ on

Lumea

Верувајте, толку е едноставно, лесно и практично што навистина сум изненадена. Исто така, ми се допаѓа дизајнот и удобноста при држењето. Болка нема, можеби благо пецкање од време на време што воопшто не пречи, дури по вториот третман се навикнав на тоа и веќе не го чувствувам тоа како непријатност. Според упатството, првите два месеци третманите се прават на секои две недели, а потоа третманите се разретчуваат бидејќи влакната се намалени и нема потреба за толку чести третмани. Но, и за тоа има олеснувачки начин како да ги следете третманите без да се оптеретувате и да памтите точно кој ден сте го направиле третманот и да рачунате кога ќе биде следниот. За тоа решение јас ја користам мобилната апликацијата Phillips Lumea, како мој потсетник која ми овозможува да ги следам сите мои третмани на време.

Неколку мои топли совети:

  • Третманот се прави на мазна кожа без влакна, затоа пред да започнете треба да сте издепилирани.
  • Не нанесувајте крема или лосион за тело пред третманот.
  • За оние кои имаат поголеми и потемнии бемки на делот кој ќе го третирате употребете чисто бело моливче ( седефасто или сиво НЕ ) со кое ќе ги обоите потемните бемки. (бидејки околу тие делови може повеќе да ве пецне) Поради ублажување на тоа непријатно пецкање обојте со бело моливче. Lumea
  • Одвојте доволно време за себе кога ги правите третманите, никогаш не брзајте, уживајте во дружбата и позитивноста што ви ја пружа Лумеата. (пушти музика ☺)
  • Доколку ја користите во летните месеци, не се изложувајте на сонце 24 часа по третманот. Доколку навистина мора да се изложите на сонце, користете заштитен фактор СПФ 50. Треба да биде императив.
  • Мапирајте во правецот во кој расте влакното и третирајте го секој дел во спротивен правец. (ако расте надолу, Lumea-та ја движите нагоре, ако расте кон десно, ја движите лево)
  • Секогаш по третманите пребришувајте ги нежно и внимателно прозорчињата и одржувајте ја Лумеата чиста.
  • Спуштете ја апликацијата на телефон за никогаш да не заборавите ниту еден третман, и дисциплинирано да го водите текот на третманите. Наместете опцијата за потсетник еден ден предходно, со цел да се организирате и на ја наполнете Лумеата.

Сето ова што го пренесов во овој текст, можеби беше долго имајќи го предвид краткиот период од користењето на Philips Lumea, но веќе јас верувам во Лумеата, и знам дека на подолгорочно користење повторно ќе имам уште многу други искуства да кажам бидејќи пред се мојата дружба со Лумеа е потполно забавна и позитивна. И затоа сите вие што одвоивте време за да го прочитате сево ова, токму сега топло ви ја препорачувам дружбата со Philips Lumea, бидејќи дружбата со неа може да се нарече СРЕЌА ☺

Lumea и јас продолжуваме со дружбата … ☺.

Доколку имате било какви прашања, може да ме контактирате за сè што ве интересира во врска со моето искуство со користење на Lumea, на мојот Instagram профил @ane_djeo_.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10340 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.