Новогодишните и божиќните празници се период кој го посветуваме на нашите драги личности, кои ни значат и кои сакаме да ги направиме среќни.
Но постојат многу луѓе кои за престојните празници нема да добијат подарок.
dm дрогерие маркт, под мотото „ЗАЕДНО едни за други“ се потруди оваа година тоа да го промени.
По повод новогодишните и божиќните празници, dm подари 200 новогодишни подарок пакети со производи за основна лична хигиена, како и новогодишна честитка, со што тежнеат да им подарат радост, да им ги исполнат срцата со топлина и за момент да внесат среќа во живот на оние кои се често заборавени - социјално загрозени и бездомни лица.


Иницијатавата на dm со воодушевување беше прифатена од соработниците на dm, со чија помош несебично се наполнија 200 подарок пакети. Поделбата на новогодишните подарок пакети, со поддршка и посредство на Црвен Крст на град Скопје, се изврши на 3 пункта во Скопје и тоа:
- Пункт за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин Поток
- Центар за бездомни лица „Чичино Село“
- ЈУ „Ранка Милановиќ“ - Меѓуопштински Центар за социјална работа

Оваа активност на dm, покрај хуманитарен карактер има за цел да испрати порака и до останатите компании и институции, дека постојат луѓе на кои секојдневно им е потребна наша помош, со надеж дека овој чекор ќе влијае инспиративно за останатите комапнии да се приклучат со свои иницијативи за помош на најранливите групи на население во Македонија.