Почетна » Новости » Занимливости » Писмо од Мама: „Драг мој сине, кога веќе нема да ги сакаш моите бакнежи...“

Писмо од Мама: „Драг мој сине, кога веќе нема да ги сакаш моите бакнежи...“

Честопати мајките копнеат по деновите кога нивните деца ќе бидат зрели и посамостојни. Но, кога тие денови ќе пристигнат, на мајките им недостигаат моментите кога ги имале своите малечки покрај себе.

Текстот на Кели Бачара допира до срцата на родителите, бидејќи на прекрасен начин ги прикажува слатките спомени кои тие ги чуваат во своите сеќавања:

Мајка и син

„Драг мој сине, кога веќе нема да ги сакаш моите бакнежи...“

Кога ќе пораснеш и обичните нешта нема повеќе да те возбудуваат како порано, ќе се сетам на насобраните панталони додека твоите мали нозе брзо трчкаа низ дворот. Ќе се сетам на твоите очиња полудени од возбуда пред глетката на птиците кои прелетуваат од дрво на дрво. Ќе се сетам на искрата во твоето око.

Кога веќе нема да ги сакаш бакнежите на Мама, ќе се сетам на звукот „муа“ и на неодоливата гримаса која ја правеше додека трчаше накај мене за бакнеж.

Кога твојот глас ќе биде подлабок и помажествен, ќе се сетам како твоето слатко гласче велеше „МАМА“ почесто од кој било друг збор. Ќе се сетам на звукот кога ми довикуваше од крајот на ходникот кога ќе се разбудеше.

Кога веќе нема да доаѓаш кај мене за сè и сешто и кога ќе сакаш да бидеш со твоите пријатели, ќе се сетам дека секогаш ме тргаше за раката за да седнам на подот за да си играме со играчките. А потоа, ќе ми ја фатеше раката и ќе ме одведеше пред следната играчка со која сакаше да си играме. Ќе се сетам на чувството кога твојата малечка рака ќе се обвиеше околу мојата.

Во деновите кога ќе биде тешко да те насмеам, ќе се сетам на звукот на твоето кикотење. Кикотењето кое за миг можеше да го омекне и најтврдото срце. Кикотењето кое ме потсетуваше колку сум среќна што сум жива и што те имам.

Кога седењето во мојот скут ќе изгледа смешно поради твојата големина, ќе се сетам на часовите поминати во мојот скут читајќи една книга по друга. Ќе се сетам дека мојот скут ти беше омиленото место за седење.

Кога ќе ми ги превртуваш очите и веќе нема да се смееш на моите шеги, ќе се сетам како го насобираше твоето малечко лице со голема, прекрасна насмевка кога беше будалест.

Ќе ги чувам овие спомени блиску до моето срце, бидејќи знам дека ќе дојде ден кога ти ќе се промениш... и сите овие нешта ќе ги нема повеќе.

Не дека нема да те сакам толку многу тогаш, знам дека веројатно ќе те сакам уште повеќе. Но, во моментов јас и ти имаме толку специјална врска. Сега, јас ти требам. Трчаш кај мене. Секогаш ме избираш мене. Јас сум твојата омилена личност.

Ќе излажам ако речам дека нема да ми недостига тоа.

Затоа, ќе ги гравирам овие моменти длабоко во мојот мозок. Нема да дозволам тие да исчезнат. Овие спомени ќе ми бидат најдрагото сеќавање.

И поради тие скапоцени спомени, јас вака ќе те паметам, синко мој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.