Почетна » Новости » Занимливости » Писмо од аутистично момче до идниот работодавач стана вирален хит и му донесе бројни понуди за работа

Писмо од аутистично момче до идниот работодавач стана вирален хит и му донесе бројни понуди за работа

Момче со аутизам рачно напиша писмо за неговиот иден работодавач кој ќе му даде шанса да учи и работи, а потоа го објави на LinkedIn.

Објавата на Рајан Лори стана вирален хит на социјалните мрежи. Повеќе од 1.000 организации изразија интерес да му помогнат на 20-годишното момче. Илјадници луѓе со слична животна приказна му пишаа на семејството Лори за да му се заблагодарат за храброста на Рајан и да му кажат дека тој е нивна инсипирација.

Рајан Лори

Драг иден работодавачу,

Се викам Рајан Лори, имам 19 години, живеам во Лисбург, Вирџинија, и имам аутизам. Исто така, имам уникатна смисла за хумор, надарен сум за математика, навистина сум добар со технологија и учам навистина брзо.

Заинтересиран сум за работа во анимацијата или во ИТ. Сфатив дека некој како вас ќе мора да ми даде шанса, јас не учам како што учат типичните луѓе. Ќе ми треба ментор за да ме научи, но брзо учам откако ќе ми биде објаснето и ќе сфатам. Ви ветувам дека ќе ви биде мило ако ме вработите и ме научите. Ќе се појавувам секој ден, ќе го правам она што ќе ми кажете да го правам и ќе работам напорно.

Ве молам, контактирајте ме ако сакате да зборувате за ова со мене.

Ви благодарам.

Искрено,

Рајан Лори

Рајан Лори Рајан Лори

Родителите на Рајан, Трејси и Роб, велат дека има дарба за математика, музика и технологија, а има и неверојатна меморија. Тие се категорични дека секој заслужува шанса, но објаснуваат дека воопшто не очекувале ваков одговор и ваква поддршка каква што добиле.

Рајан Лори Рајан Лори

„Никогаш не помислувавме дека ќе се случи ова и бевме изненадени од бројот на луѓе со приказни како онаа на Рајан, што е навистина убав дел од ова што се случува. Си легнуваме навечер и плачеме читајќи ги приказните на другите луѓе“.

„Речиси сите одговори беа охрабрувачки, со поддршка. Една непланирана последица е што слушаме за многу семејства кои имаат слични околности како нашите, кои ја изразуваат нивната благодарност за храброста на Рајан да зборува и да научи повеќе“ – рекла Трејси.

Во моментов семејството Лори не се фокусира на вработување на Рајан, туку на подигнување на свеста и помагање на други семејства кои се во слична ситуација како нив.

„Нашата мисија, без разлика колку долго ќе трае сето ова, е да направиме нешто добро да се случи за Рајан, кој го заслужува ова и го заработи. Мислам дека кој и да го вработи само ќе добие многу, но ние исто така сакаме да им помогнеме на други семејства кои се како нас и крајно да им помогнеме на организациите кои постојано им помагаат“ – рекла Трејси.

Рајан Лори Рајан Лори

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.