Почетна » Новости » Занимливости » Пештерите Бату во Малезија: Место со колоритни скали кое блогерите го обожаваат

Пештерите Бату во Малезија: Место со колоритни скали кое блогерите го обожаваат

Пештерите Бату се низа од пештери и пештерски храмови во варовнички рид во близина на Куала Лумпур, главниот град на Малезија. Тие го добиле името од зборот batu, кој на малајски значи карпа. Пештерите се стари неколку милиони години, а варовникот во кој се наоѓаат е стар околу 400 милиони години.

Тука е сместен храмот посветен на Муруган, бог на војната. Тоа е најпознат Хинду храм надвор од Индија, а привлекува околу 5.000 туристи дневно.

За да влезат во храмот, посетителите мора да поминат вкупно 272 колоритни скали, место на кое блогерите обожаваат да се фотографираат. И разбирливо е зошто. Таму се создаваат впечатливи фотографии кои ги красат нивните Instagram профили. Скалите биле обоени во прекрасни бои пред две години.

Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату

Пред влезот во храмот е поставена највисоката статуа на богот Муруган во светот. Таа е висока 42,7 метри, а за да се изработи, потребни биле три години.

Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату

Пештерите Бату се дом на многу мајмуни, па посетителите мораат добро да внимаваат на нивните лични работи, бидејќи тие лесно може да бидат украдени од лукавите и брзи животни.

Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату Бату

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.