Почетна » Новости » Занимливости » Осум македонски спортистки со инспиративни пораки за моќта на спортот

Осум македонски спортистки со инспиративни пораки за моќта на спортот

„Девојки како нас“ е мотивирачко видео во кое учество зедоа осум успешни македонски спортистки. Целта е да се промовира женскиот спорт во Македонија, а придобивките од спортувањето се истакнуваат преку мотивациските пораки на спортистките. Секоја од нив е хероина во својата спортска дисциплина и секоја стои како доказ за позитивното влијание на спортот во животот.

Погледнете го видеото и инспирирајте се од приказните на спортистките чии животи биле трансформирани со моќта на спортот:

Пораката што ја споделуваат спортистките е „Придружи ни се! Биди моќна! Спортувај!“

Едина Муса

Спортот ме научи да бидам самостојна.

Македонски спортистки

Лина Ѓорческа

Спортот ме научи да живеам динамично.

Македонски спортистки

Теодора Димоска

Спортот ме научи на храброст.

Македонски спортистки

Гордана Цветковска-Бошевска

Спортот е моето сѐ, инспирација и мотивација.

Македонски спортистки

Силвија Митевска

Спортот ме научи како да го живеам својот сон.

Македонски спортистки

Елена Зисовска

Спортот за мене значи слобода.

Македонски спортистки

Ана Јаневска

Спортот ме научи да имам самодоверба.

Македонски спортистки

Дрита Ислами

Спортот за мене значи борба, а не откажување.

Македонски спортистки

Видеото „Девојки како нас“ е снимено во склоп на иницијативата на ТАКТ да им се даде поддршка на жените кои сакаат да се занимаваат со спорт и да се обезбеди родова еднаквост на полето на спортот.

ТАКТ (Together Advancing Common Trust) е спортска граѓанска организација чија цел е постигнување на родова еднаквост во спортот во Македонија. Визијата на оваа организација е општество во кое секој може рамноправно да живее, во кое постои дијалог помеѓу заедниците и во кое нема родова и социјална дискриминација.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25884 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.