Почетна » Новости » Занимливости » „Оставете го телефонот“: Летен пакет со „задачи“ од една учителка за учениците и родителите

„Оставете го телефонот“: Летен пакет со „задачи“ од една учителка за учениците и родителите

Учителка состави пакет со работни задачи кои децата треба да ги „вежбаат“ преку летото, но тој не се фокусира на училиштето, туку на ЖИВОТОТ.

Бетси Егар е просветен работник кој не смета дека децата треба да се преплавуваат со работни вежби и училишни задачи во текот на летото, туку дека треба да се здобијат со животни вештини кои денешните деца сè поретко ги поседуваат.

Врзување врвки, читање, добри манири на масата, самостојно решавање на проблеми... Еве што содржи летниот пакет на инспиративната учителка која се прослави на интернет.

Деца

Завчера еден родител ме праша: „Дали ќе ни дадете пакет со домашни задачи за летниот распуст?“, се замислив и се почувствував малку виновно додека му одговорив со „Не“.

Знаете, постојат пакети што можете да ги создадете за да им ги испратите дома на родителите за тие да ги вежбаат со децата стекнатите вештини и да се подготвуваат за она што следува.

Ова е прекрасно, на теорија. Можеби еден ден ќе составам таков список. Но, колку повеќе размислувам, толку повеќе одлучувам дека овој летен список треба да содржи помалку работни вежби и зборови, а повеќе... ЖИВОТ.

Без разлика дали ќе го прифатите или не... Ова е мојот „Летен пакет“:

  • Научете го детето да си ги врзува врвките на обувките. Најдете забавен трик! Изгледајте видео! Стимулирајте го! Бидете упорни! Направете што е потребно за вашето дете да не ги влече врвките низ тоалетот и ходниците, а потоа да побара од учителката да му ги врзе.
  • Легнувањето навечер на спиење треба да го направите рутина. Тоа може да биде малку подоцна и ќе има ноќи кога нема да можете да се придржувате до одреденото време. Но генерално, ако нашето тело има воспоставено рутина кога е во прашање спиењето, септември нема да нè удри толку силно.
  • Изберете неколку членови од семејството или пријатели на кои ова лето ќе им напишете писмо. Побарајте од вашето дете да пишува цели реченици, да поставува прашања и да навлегува во детали. Пишувањето со причина го прави писмото релевантно и реално за вашето дете. Можеби некој од нив ќе му одговори на писмото.
  • Седнете на маса и јадете заедно со вашето дете. Вистински набљудувајте го. Дали седи на столот на колена, дали џвака со отворена уста, дали има храна насекаде? Вака изгледа во училишната кафетерија. Работете на тоа!
  • Охрабрете го да биде љубезно. Најдете друга личност или повеќе личности на кои вашето дете ќе може да им измами насмевка. Доставување колачиња, правење честитка, цвеќе, помагање во обврските, песна... нешто едноставно за насмевка.
  • Не брзајте да го спасите вашето дете. Слушнете ме. Нашите деца имаат потреба од нас. Но, тие имаат потреба од нас за да ги научиме да решаваат проблеми. Ако вашето дете се наоѓа во ситуација која го фрустрира, но не му наштетува, дозволете му само да се справи! (На пример, ако не може да склопи нова играчка, не може да отвори пакување со храна, не може да одлучи која маица да ја облече...) Ќе си заштедиме време и нерви ако едноставно ние го направиме тоа! Но долгорочно, ги осакатуваме нашите деца кои нема да ги имаат основните и неопходни вештини за да решаваат проблеми и да размислуваат за одреден проблем... за себе. Отстапете... само малку. Ќе им биде добро!
  • Читајте му на детето. Ве молам одете во библиотека и направете ги книгите составен дел од летните денови. Што е најважно, вашето дете треба да ве види како читате – за него и за себе. Нека ве слушне како испуштате смешни гласови. Прашајте го кои му се омилени делови од книгата или што мисли како ќе заврши книгата. Постојано им велиме дека треба да се чита, но дали доволно им покажуваме дека НИЕ читаме?
  • Оставете го телефонот. За Денот на мајката составив брошура со моите ученици. Тие одговараа прашања поврзани со нивните мајки, пишуваат реченици и цртаа слики. Една од страниците е: „Омилените нешта на мама“. Можете ли да претпоставите кој е најчестиот предмет на најголемиот дел од брошурите? Мобилен телефон. Мораме да го тргнеме погледот од нашите телефони и да ги погледнеме нашите деца. Тие растат со неверојатна брзина. Можеме да го поминеме ова лето прелистувајќи фотографии од одморот на некој непознат, посакувајќи да ја живееме неговата реалност или да ја живееме нашата реалност под прскалката во нашиот двор.
  • Одмор. Нека ви е прифатливо ако не сте постојано активни. Општеството, медиумите, Facebook... нè наведуваат да веруваме дека мораме да го зграпчиме денот и да правиме сè. Нашите деца многу се трудеа и имаат потреба од одмор. Ако постојано ги држиме во движење во текот на летото, тоа ќе им биде како продолжение на хаосот со помалку домашни задачи. Забавувајте се, но одделете си време за одмор. Здодевноста отвора пат кон креативност. Одморот ни го обновува телото и умот за сè што ни носи следната школска година.

Постот на Бетси е споделуван повеќе од 202 илјади пати на Facebook. Во коментарите, многумина ѝ се заблагодаруваат за објавата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.