Почетна » Новости » Занимливости » „Однесувајте се со почит“: Креаторот на хит-серијата „Чернобил“ ги опомена сите кои патуваат во Чернобил за Instagram фотографии

„Однесувајте се со почит“: Креаторот на хит-серијата „Чернобил“ ги опомена сите кои патуваат во Чернобил за Instagram фотографии

Мини-серијата „Чернобил“ на HBO неочекувано доживеа огромен успех, а интересот за нуклеарната несреќа поттикна многумина да отпатуваат во забранетата зона околу централата.

Зголемениот број фотографии од Чернобил и Припјат на социјалните мрежи предизвика дискусии и многумина се согласни дека тоа не е област за разголување и „Instagram пози“, како и за собирање на лајкови и следбеници преку искористување на катастрофа која предизвика огромно страдање кај многумина.

Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил

Откако мала збирка од фотографии започна забрзано да се споделува низ целиот свет, се огласи и креаторот на серијата со опомена за туристите во Чернобил.

Крег Мазин твитна: „Прекрасно е што 'Чернобил' инспирира туристички бран во забранетата зона. Да, ги видов фотографиите кои кружат наоколу. Ако сакате да го посетите местото, ве молам запомнете дека таму се случи ужасна трагедија. Однесувајте се со почит кон сите кои страдаа и се жртвуваа.“

Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил Чернобил

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10340 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.