Почетна » Новости » Занимливости » Од шпајз до женско катче: Грижлив маж ја изненади сопругата со совршен подарок

Од шпајз до женско катче: Грижлив маж ја изненади сопругата со совршен подарок

Грижлив маж ја изненади сопругата со подарок каков што би посакала секоја жена – соба каде што таа ќе може да се дотерува и разубавува спокојно.

Женско катче за дотерување Женско катче за дотерување

Тод го создал прекрасното женско катче откако сопругата Кари му се пожалила дека синот ја има окупирано бањата и дека ѝ е потребно место за шминкање, нешто што таа обожавала да го прави. Во празен шпајз од нивниот дом, Тод поставил тоалетна маса, огледало, фиоки и столче, а просторијата ја декорирал со детали во омилените бои на Кари.

ШпајзШпајзот пред преобразбата Женско катче за дотерување

Се разбира, таа била одушевена.

„Му спомнав дека секогаш брзаме кога се подготвуваме за некаде. Многу сме зафатени и му реков дека би било добро да имам свое место каде ќе се подготвувам. На тој начин моите нешта не би му пречеле. Мојот сопруг секогаш ме става на прво место. Како медицинска сестра најчесто го немам луксузот да се ставам себеси на прво место. Слатко е што мојот сопруг го прави тоа“ – рекла таа.

„Многу се изненадив кога го видов. Не би можела да побарам нешто поубаво и посовршено за мене. Кога го гледам моето катче си мислам на времето кое тој го потроши за да го создаде и колку љубов има внесено во него. Ми рече дека не потрошил многу пари на него и дека најголем дел од работите биле на распродажба. Но кога ќе го погледнам, сè што ми минува низ глава е колку е скапоцено тоа за мене. Парите не можат да ги купат нештата кои ги имам“ – додала Кари.

Кари и ТодКари и Тод

Фотографиите од малата симпатична соба ги сподели сестрата на Кари, Моли, на Twitter. Во описот таа напиша: „Сопругот на сестра ми пренамени шпајз во соба со тоалетна маса за неа. Ми треба маж како него“. Објавата на Моли стана хит на социјалната мрежа со повеќе од 67 илјади ретвитови и 134 илјади допаѓања.

Некои интернет корисници упатија комплименти до Тод, други посакаа истото да им се случи и нив, а трети добија идеја како да ги искористат слободните шпајзови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.