Почетна » Новости » Занимливости » Од фармер и келнер до музичка ѕвезда: Запознајте го последниот победник на American Idol

Од фармер и келнер до музичка ѕвезда: Запознајте го последниот победник на American Idol

Синоќа беше прогласен последниот победник во историјата на популарното музичко шоу American Idol. Трент Хармон ја понесе победничката титула, која се доделуваше по 15-ти пат.

25-годишниот пејач се појави во шоуто како фармер и келнер во семејниот ресторан, но веднаш ги освои симпатиите на Џенифер Лопез, Кит Урбан и Хари Коник Џуниор. За време на аудициите, скромното момче од Мисисипи откри дека се пријави во шоуто без да го извести семејството, затоа што го гледал пеењето како нова работа.

Видео од аудицијата на Трент

И навистина работел понапорно од секој останат натпреварувач, запишувајќи го секој збор кој судиите ќе му го даделе како забелешка. Менторот на Хармон изјавил: „Без сомнение тој е најголемиот работник зад сцената“.

Трент Хармон Трент Хармон

Голем предизвик за Трент во текот на шоуто бил да научи да ги контролира изразите на лицето додека пее.

Видео од прогласувањето на победникот

Трент Хармон Трент Хармон

Конкуренција на Хармон во финалето на American Idol беше Ла`Порша Рене, самохрана мајка на едно дете и жртва на семејно насилство, која живеела во засолниште за да избега од насилниот сопруг.

Трент Хармон Трент Хармон

Видео од песната на Рене, „Battles“

Видео од заедничкиот настап на финалистите

Трент Хармон Трент Хармон

На финалната вечер, настапија голем број ѕвезди и победници од претходните сезони на шоуто, а Џенифер Лопез првпат ја отпеа својата нова песна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.