Почетна » Новости » Занимливости » „Од кога грижата за децата е правење НИШТО?“ Мајка со текст објаснува колку нејзината работа дома е важна

„Од кога грижата за децата е правење НИШТО?“ Мајка со текст објаснува колку нејзината работа дома е важна

Жена со текст ги потсетува сите луѓе колку е важна работата на мајките дома.

Ло Менсфилд одлучила да напише отворено писмо откако поминала цел ден грижејќи се за нејзините три деца, а кога сопругот ја прашал што правела цел ден, таа му одговорила „Ништо“.

Откако се сетила дека тоа воопшто не е точно и дека таа цел ден се грижела за човечки животи, ја споделила објавата на социјалните мрежи и наишла на голем одѕив. Многу мајки во коментарите напишаа дека работата на работното место им делува како одмор во споредба со работата дома.

„Да бидеш мајка не е НИШТО. Тоа е напорна работа и не дозволувај никој да ја потценува“ – ѝ порачаа нејзините следбеници.

Ло Менсфилд

Кога мојот сопруг ме праша што правев денес, му одговорив: „Ништо“.

Тоа се големи глупости.

Го третирав телото на моето бебенце како најмалиот дар, го чистев и се грижев за него, за тоа да расте и да биде исполнето.

Го одведов моето најстаро дете во градинка, средното дете го научив како да држи ножички, зготвив „al dente“ макарони со сирење по 100-ти пат.

Го хранев на секои 3 часа, повторно и повторно и повторно. Му ги менував пелените, го намачкав со маст и го извадив надвор секогаш преполното ѓубре.

Ги заспав поголемите деца, потоа го држев додека спиеше, шепотејќи му благослови и надежи во увцето, полнејќи го со нешта кои се важни.

Денес, силно си го сакав семејството. Тоа можеби изгледаше како свежо променета пелена, макарони со сирење, раче кое држи ножички, насмевка кога се отвори вратата од градинката. Скромно, негламурозно, едноставно. Но, со сигурност не беше НИШТО.

Кога започнавме да го квалификуваме сакањето, грижата и негата на човечкиот живот како ништо?

Зошто очекуваме нешто повеќе од тоа да ни биде индикација за нешто продуктивно и вредно за споделување?

Кога започнавме да веруваме во тоа?

И како да направиме сето тоа да престане?

Прашај ме уште еднаш што правев денес.

Еве го мојот одговор: „Многу, многу направив“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.