Почетна » Новости » Занимливости » „Од денес натаму ќе ми бидеш ќерка и втората љубов на мојот живот“: Емотивен завет на очув за малата поќерка

„Од денес натаму ќе ми бидеш ќерка и втората љубов на мојот живот“: Емотивен завет на очув за малата поќерка

Очув ја расплака малата поќерка давајќи ѝ емотивно ветување на свадбата со нејзината мајка.

Џими, Келси и Оливија

Кога Џими Гисонди стапувал во брак со неговата избраничка Келси, сакал да направи нешто специјално за нејзината 9-годишна ќерка Оливија, за и таа да чувствува дека е дел од свадбената церемонија. Тој ѝ подарил ланче на кое било испишано нејзиното име и датумот на свадбата и ѝ ветил дека ќе ја сака како своја ќерка засекогаш.

„Оливија, од овој ден натаму, ветувам дека секој ден ќе те потсетувам колку си вистински сакана. Ти ветувам дека ќе те учам, насочувам и почитувам во сите наши заеднички денови. Ти ветувам дека никогаш нема да се однесувам кон тебе поинаку отколку како кон свое дете. Многу сум среќен што можам да речам дека ми си ќерка. Од овој ден натаму, ти навистина ќе ми бидеш ќерка и ќе бидеш втората љубов на мојот живот“ – се зборовите од заветот на Џими за Оливија.

Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија

„Сите плачеа додека слушаа што има да ѝ каже Џими на Оливија. Овој момент беше неодолив“ – напиша фотографката Абигејл на Facebook.

Видео

Џими и Келси се познавале од градинка, но започнале да се состануваат на почетокот на минатата година. Малата Оливија и Џими се поврзале веднаш штом се запознале.

„Знаев дека тој е вистинскиот за мене уште првата вечер кога го запознав. Никој никогаш не се однесувал кон мене онака како што тој се однесуваше. Се свршивме 5 месеци подоцна. Мојата 9-годишна ќерка конечно го доби таткото за кој отсекогаш сонуваше“ – пишува Келси.

„Оливија разбира, таа навистина разбира дека Џими е таму за неа и дека секогаш ќе биде. Само имаше потреба да го слушне тоа. Не очекувавме да биде толку емотивно или дека толку многу луѓе ќе бидат трогнати од нашата приказна. Но, ова е неверојатно, јас долго време бев самохрана мајка и бев во навистина ужасни врски. Чувствувам дека ова им дава надеж на други самохрани мајки дека таму некаде има некој кој ќе ги сака нив и кој ќе го сака нивното дете како да е негово. Може да помине долго време и можеби срцето повеќепати ќе ви биде скршено, но тој е таму и вреди да чекате“ – додава таа.

Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија Џими, Келси и Оливија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.