Почетна » Новости » Занимливости » Новогодишни креативни работилници во игротека „Бајка”

Новогодишни креативни работилници во игротека „Бајка”

Новогодишната магија е веќе присутна насекаде во градот. Сите започнуваат со украсување на домовите, подготвувајќи се за највеселиот период од годината. И игротека „Бајка” започнува со украсувањето во духот на празниците кои следат. Оваа недела подготвивме специјална програма за сите деца.

Игротека „Бајка“

Во понеделник (05.12.2016) од 18 часот, ги покануваме сите деца да ни се приклучат во украсувањето на игротеката. Игротеката ќе ја накитиме со различни украси насекаде, сијалички, новогодишна елка.

Во вторник (06.12.2016) имаме роденденска забава од 19:30 до 21:30 и во среда (07.12.2016) од 17 до 19 часот, и од 19:30 до 21:30.

Игротека „Бајка“

Овој пат, во креативните работилници ќе ги додадеме и изработките на новогодишни оригами. Работилниците ќе се одржат во четврток (08.12.2016) и петок (09.12.2016) од 19 часот.

Во сабота (10.12.2016) од 17 часот ќе ја развиваме креативноста заедно со дадилките од нашата игротека и ќе изработуваме новогодишни честитки за да ги израдуваме нашите најблиски.

Во недела (11.12.2016) имаме роденденски забави од 14:30 до 16:30, и од 19:30 до 21:30 часот.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook и Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.