Почетна » Новости » Занимливости » „Ништо не може да ти покаже колку е силна твојата партнерка, колку што може бременоста“

„Ништо не може да ти покаже колку е силна твојата партнерка, колку што може бременоста“

Маж напиша текст во кој објаснува колку многу се силни и цврсти жените и дека најголем доказ за тоа е бременоста.

Во објава на Facebook, Бред Кирнс објасни дека неговата сопруга го минала последниот ден од бременоста во купување подароци за своите два сина од нивното неродено братче, со цел да го направи тоа искуство специјално за нив.

И покрај големата болка, таа ги обиколувала продавниците пред породувањето за да им подготви слатко изненадување на поголемите батковци.

Сето тоа го навело Бред да напише текст за цврстината и жилавоста на жените. Тој тврди дека трудниците не треба да се фокусираат на страничните ефекти на бременоста врз нивниот изглед, туку на прекрасното нешто што го создаваат во себе.

Трудница

Ова е затишје пред бура. Ги оставив момчињата кај баба им, а утрово мојата сопруга беше примена за породување.

Во преден план на фотографијата има кеси со Бетмен. Тие се полни со подароци од малиот брат за поголемите батковци. Така таа сакаше да го помине последниот ден од бременоста...

Сред целата таа болка, сред целиот дискомфор, сред целата таа возбуда од исчекувањето на ова попладне, најважната мисла во нејзината глава беше да го направи овој момент специјален за нив.

Како брачен партнер, ништо на светот не може подобро да те потсети колку е силна твојата „половина“, како што може бременоста.

Таа не може да се наведне нанапред, се буди неколкупати во текот на ноќта, плаче од болка, но и покрај тоа, претпочита да ги обиколи продавниците за да може да го направи ова специјално за нејзините момчиња.

Кога се вративме дома, таа ми рече: „Ти благодарам што си толку добар и што им купи толку многу работи“, како јас да бев оној што направи нешто неверојатно. Но, не бев. Јас само присуствував таму. Вистинскиот шампион е во позадина на оваа фотографија.

Знам дека светот смета дека бременоста е прекрасна. Исто така, знам дека нашите искуства не секогаш го потврдуваат тоа. Но, кога ќе размислам, таа навистина е прекрасна.

Бидејќи и покрај сите физички препреки, и покрај сите странични ефекти како лоша кожа и отечени зглобови, и покрај сите лоши фризури и несовршени фотографии кои ја прикажуваат од лош агол, и покрај сите физички глупости кои светот нè уверува дека треба да ги асоцираме со убавина...

Таа направи нешто неверојатно.

Таа порасна цело човечко суштество во себе и наскоро ќе го донесе на овој свет за да биде со неговото ново семејство.

Не се работи за тоа како изгледа или како се чувствува. Станува збор за она што таа го СОЗДАДЕ.

А таа создаде нешто неверојатно убаво.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26250 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.