Почетна » Новости » Занимливости » „Никој нема право да ти кажува што смееш да правиш со твоето тело“: Крунисана Мис Америка 2026

„Никој нема право да ти кажува што смееш да правиш со твоето тело“: Крунисана Мис Америка 2026

САД ја добија својата нова Мис Америка, а тоа е Кејси Донеган од Њујорк.

Во финалето на престижниот национален избор, кое се одржа во Walt Disney Theater во Орландо, 27-годишната девојка ја освои посакуваната титула за која сонуваа уште 50 други натпреварувачки.

Кејси Донеган Кејси Донеган Кејси Донеган Кејси Донеган

Покрај круната, талентираната пејачка доби и стипендија во вредност од 50.000 долари, која ќе ја искористи за академски цели.

Натпреварот се одржа во текот на два дена, а Донеган успеа да се истакне меѓу 52-те натпреварувачки кои ја претставуваа секоја американска сојузна држава. Прва придружничка беше Мис Тексас, Сејди Ширмајер, додека втора придружничка беше Мис Флорида, Парис Ричардсон.

Кејси Донеган

Во финалната рунда од изборот, натпреварувачките одговараа на прашања на сцената, каде Донеган се истакна со својот одговор на темата „автентично себеизразување“.

„Верувам дека најважната работа која можеш да ја направиш е да бидеш 100% она што си. Ако тоа вклучува изразување преку пирсинг или тетоважи, тогаш, апсолутно, направи го тоа“ – рече таа. „Никој нема право да ти кажува што смееш да правиш со твоето тело. Ова е твојот сад и треба гордо да чекориш во него“ – додаде таа.

@missamerica Cassie Donegan, your newly crowned Miss America 2026, performing her jaw-dropping rendition of “A Darker Shade of Blue” #MissAmerica #ThereSheIs #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound - Miss America

Кејси Донеган веќе се смета за инспирација за многу млади луѓе ширум државата и со својата платформа ќе има можност да влијае на важни општествени теми во текот на нејзиното едногодишно претставување како Мис Америка.

Кејси Донеган Кејси Донеган Кејси Донеган Кејси Донеган

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28897 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.