Почетна » Новости » Занимливости » Никогаш не е предоцна: 71-годишна жена започнала да тренира на 59 години и е фитнес инспирација

Никогаш не е предоцна: 71-годишна жена започнала да тренира на 59 години и е фитнес инспирација

Мери Дафи е вистинска фитнес инспирација. Кој не би се мотивирал од жена која на 71 година може да крене тегови тешки 115 килограми?

Мери Дафи Мери Дафи

Позитивната фитнес зависничка започнала да тренира на 59 години, а во моментов има повеќе национални и меѓународни рекорди во кревање тегови во нејзината категорија. Мери тежела 80 килограми кога се запишала на фитнес, бидејќи сфатила дека премногу се здебелила по смртта на мајка си. Две години, таа не била физички активна, бидејќи само седела и тажела.

„Пред 10 години, започнав често да посетувам фитнес сала кога сфатив дека покачив многу килограми. Се сеќавам кога се погледнав во огледалото и си помислив: ‘Ова не сум јас. Одбивам тоа да сум јас’. Тоа ми беше пресвртен момент. Потоа се зачленив во фитнес сала. Брзо слабеев и сфатив дека колку повеќе тренирам, толку повеќе уживам во тоа и така стојат работите уште оттогаш“ – рекла таа.

Мери Дафи Мери Дафи

За една година, Дафи ослабе 23 килограми и нејзиниот личен тренер ѝ предложил да започне да вежба со тегови. На првиот натпревар се пријави кога имаше 64 години, а потоа следувале и бројни учества на национални и интернационални натпревари. Во својата категорија, Мери држи 30 државни и светски рекорди.

„Имам 71 година и сум пофит отсекогаш – изгледам и се чувствувам подобро отколку кога имав 40 години. Има луѓе кои ми велат дека сум престара за ова, но негативните коментари се надвладеани од луѓето кои ми кажуваат дека ги инспирирам и тоа ме тера да продолжам“.

Мери Дафи Мери Дафи Мери Дафи

„Јас не сум просечна 70-годишничка и немам намера сега да се откажам. Дури и да престанам да се натпреварувам, ќе продолжам да работам на мојата форма“ – додава Мери.

Мери Дафи Мери Дафи Мери Дафи Мери Дафи Мери Дафи Мери Дафи Мери Дафи Мери Дафи

Видеа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.