Почетна » Новости » Занимливости » Никогаш не е доцна: Жени кои ги напуштиле насилните партнери позираа како супер херои

Никогаш не е доцна: Жени кои ги напуштиле насилните партнери позираа како супер херои

Семејното насилство се случува многу почесто одошто си замислуваме. Според Светската здравствена организација, 1 од 3 жени низ светот е физички или сексуално малтретирана.

Литванското движење „Women Speak“ сними фотосесија со пет жени кои собрале храброст да ги напуштат засекогаш партнерите од кои биле малтретирани.

Жени жртви на семејно насилство

Целта на ваквиот проект е да се покаже колку силни и инспиративни се жените кои одлучуваат да ги остават насилните партнери и да се охрабрат жените кои сè уште се жртви на насилство да побараат спас од таквата врска.

Жени жртви на семејно насилство

Никогаш не треба да го прифатиш понижувањето или да си жртва на насилство. Постои поразличен живот таму некаде – посветол, поубав и исполнет со надеж. Ние сме посилни од мажите. Навистина верувам дека секоја лоша ситуација има добра страна и дека постои решение за секој проблем.

Жени жртви на семејно насилство

Ќе си ја повратиш самодовербата кога ќе излезеш од насилна врска. Многу жени доаѓаат во центрите за кризни ситуации откако ќе станат жртви на физичко насилство. Но, постои и психичко малтретирање. И понекогаш тоа е уште полошо, бидејќи е потешко да се соочиш со невидливите последици од насилството.

Жени жртви на семејно насилство

Првиот пат кога твојот партнер стане насилен кон тебе, зборувај и кажи им на семејството и пријателите. Жената не е предмет, таа не треба да се потпира на туѓите мислења за неа. Таа може да каже „не“ на насилството со тоа што ќе одбие да биде жртва.

Жени жртви на семејно насилство

Колку подолго живееш во насилна средина, толку потешко е да излезеш од неа. Но, никогаш не е доцна за да излезеш од таквата врска, дури и ако имаш 5 деца.

Жени жртви на семејно насилство

Има жени кои ги минуваат целите свои животи во насилни врски: тие ги обвинуваат другите, се жалат, се прават жртви самите себе. Преземи акција!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.