Почетна » Новости » Занимливости » Никогаш не е доцна да започнете да тренирате: 90-годишна жена е најстариот фитнес тренер во Јапонија

Никогаш не е доцна да започнете да тренирате: 90-годишна жена е најстариот фитнес тренер во Јапонија

Такишима Мика е незапирлива. 90-годишната жена е најстариот фитнес тренер во Јапонија и нема намера да престане да тренира додека не наполни 100 години.

Мика започнала да тренира на 65 години, а станала тренер на 87-годишна возраст. Таа е доказ дека никогаш не е доцна за промени.

Такишима Мика Такишима Мика

Приказната за инспиративната Јапонка се прошири низ светот откако DW News снимија видео во кое таа тренира и ја покажува нејзината флексибилност.

„Започнав да се занимавам со фитнес бидејќи сакав да ослабам. Откако започнав, одлучив дека сакам да имам стегнат задник како Бразилките. Кога тоа го остварив, решив дека сакам пошироки рамена и потесна половина. Следно што знам беше дека држев часови по аеробик. Никогаш во мојот живот не го сонував ова“ – вели Мика.

Таа секој ден пешачи по 4 километри и држи тренинзи за возрасни лица како неа, но и за млади, сакајќи да докаже дека „Годините се само бројка“.

Такишима Мика

Погледнете како тренира Мика:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.