Во болницата „Плодност“ повторно одекна детската смеа и радоста.
Три деца, зачнати со вонтелесно оплодување во битолската болница, повторно се вратија таму каде што започна нивната животна приказна. Децата на возраст од 16, 8 и 5 години се сретнаа со тимот заслужен за нивното раѓање.

Фотографиите ги објавија од „Плодност“ на социјалните мрежи и напишаа:
НЕ НÈ ЗАБОРАВИЈА И ПОВТОРНО НИ ЈА ДОНЕСОА СВОЈАТА НАСМЕВКА И РАДОСТ
Три деца зачнати со ИВФ во Плодност, на возраст од 16, 8 и 5 години, повторно беа наши гости.
Секое нивно доаѓање е потсетник на она што го правиме секојдневно, создавање нови животи и приказни исполнети со радост.
Ви благодариме на посетата!


