Свадбена фотосесија на млад пар беше прекината од неодолив натрапник.
Меган и Лук позирале пред фотографката Лауренда кога се појавил елен и им се приближил, а потоа започнал да го гризе букетот на изненадената невеста.
Фотографиите од овој момент се прекрасен спомен за младенците, а мамат слатки насмевки кај секој што ќе ги погледне.