Хејзел Закарија е уметница од Нов Зеланд која не само што наоѓа време за да си подготви вкусно смути за појадок туку и успева од него да создаде мини уметничко дело.
Хејзел има необичен начин да ја изрази својата креативност. Секое нејзино смути е неповторливо ремек-дело создадено од овесна каша, јогурт, парчиња овошје и семиња. „Идејата да цртам во појадокот ми дојде сосем случајно. Сакав да ја декорирам супата со кокосов крем, но не излезе баш како што сакав. Затоа додадов песто и нацртав дрво“ – раскажува таа.
Оваа талентирана девојка пронаоѓа инспирацијата насекаде: од природата, преку филмската уметност до книжевноста. Вљубена е во цвеќињата и животните, па така тие се чести мотиви во нејзините чинии. Покрај фотографиите од нејзините импресивни творби, Хејзел споделува и рецепти за прикажаните појадоци.
Доколку сте од оние кои мислат дека немаат време за да подготвуваат појадок, погледнете ги нејзините уметнички дела во чинија и размислете уште еднаш.