Почетна » Новости » Занимливости » Некои луѓе се прекрасни: Маж спаси хаска на работ на смртта, трансформацијата ќе ве зачуди

Некои луѓе се прекрасни: Маж спаси хаска на работ на смртта, трансформацијата ќе ве зачуди

Сторијата на Рико Соиџарто ќе ви ја врати вербата во човештвото.

26-годишното момче ѝ помогнало на хаска која била на работ на смртта, а фотографиите од нејзината трансформација се вирален хит на социјалните мрежи.

Куче

Рико го видел изгладнетото куче на улица додека се враќал дома од работа и веднаш почувствувал дека има нешто специјално кај него. Иако хаската била на работ на смртта, нејзините сини очи сè уште сјаеле. „Не знам што беше толку специјално кај неа. Се работи за срце и чувства. Ја најдов кога се враќав од работа, беше сред улица“ – рекол добродушниот жител на Бали.

Рико веднаш одлучил да ѝ даде шанса на хаската која го добила името Хоуп.

Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче

Десет месеци подоцна, Хоуп изгледа непрепознатливо и е среќно и дружељубиво милениче. „Обожава да ја галат и јаде многу колачиња! Толку е друштвена што понекогаш ме загрижува. Има многу крадци во Бали“ – рекол тој.

Куче Куче Куче Куче

Фотографиите од напредокот ги објавил Рико на својот профил на Facebook и веднаш бил опсипан со комплименти.

Еве само дел од коментарите:

„Ти благодарам што ја спаси таа прекрасна синоока хаска. Ти си херој за тоа куче и за сите љубители на животни. Тоа куче те гледа со љубов, како да си целиот негов свет. И двајцата сте среќници, затоа што и двајцата најдовте свој вистински пријател. Бидете благословени.“

„Зошто сите луѓе не се толку добри.“

„Бог да те благослови. Не ми се верува дека е истото куче од пред 10 месеци. Ти си прекрасно човечко суштество.“

„Воопшто не изгледа како истото куче, Си направил НЕВЕРОЈАРНА работа. Луѓето како тебе ќе бидат наградени... не можам да кажам кога и како... но ќе бидат.“

Куче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.