Почетна » Новости » Занимливости » Некогаш била исмејувана, денес гордо ги покажува пегите и ги руши стереотипите за убавината

Некогаш била исмејувана, денес гордо ги покажува пегите и ги руши стереотипите за убавината

Никој не е совршен, а она што на Инстаграм ни изгледа совршено, најчесто не е реално. Ова е пораката која Свантје Паулина им ја испраќа на своите следбеници.

23-годишната блогерка која во минатото била исмејувана поради бројните пеги на лицето, денес гордо го покажува својот природен изглед и ги охрабрува луѓето да се сакаат онакви какви што се.

Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина

„Додека растев, луѓето ми велеа дека треба да ги покријам. Не ме ангажираа за работа, бидејќи клиентите велеа: ‘Убава си, но имаш премногу пеги’. Што значи да имаш премногу пеги? Дали му велиш на дрвото дека има премногу лисја? Јас сум таква и вака изгледам, не можам да го променам тоа, а и не сакам. Пегите ме прават она што сум и денес се сакам себеси со секоја една пега“ – пишува познатата Германка, која ја следат повеќе од 600 илјади лица.

„Сè уште постојат луѓе кои мислат дека е клетва да имаш пеги или други ‘несовршености’. Не можете ни да си замислите колку многу доктори и козметичари ми пишаа да ме прашаат дали сакам крем за да се ослободам од моето нарушување во пигментацијата, и колку многу луѓе ме прашуваат како сум толку самоуверена со моите пеги. Едноставно сум, не постои причина зошто да не бидам. Ова го кажувам затоа што знам дека ваквите коментари можат да разочараат некого. Мислете пред да зборувате“ – објаснува таа.

Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина

Преку своите објави на популарната социјална мрежа, Свантје порачува: „Не дозволувај луѓето да ти велат дека нешто е ‘маана’ кога во реалноста тоа е она што те прави уникатно парче уметност. Ти не си тоа што другите мислат дека си, ти си она што ТИ мислиш дека си. Не дозволувај некој да ти кажува поинаку. Покажи се онаква каква што си и остани таква каква што си. Сè останато е здодевно“.

Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина

Сепак, Паулина не била отсекогаш толку самоуверена колку што е денес. Во јуни минатата година, таа објави фотографија на која си го имаше фотошопирано телото, но откако наиде на критики, таа ја избриша.

По неколку месеци, таа повторно ја објави нереалната фотографија заедно со фотографија од нејзиниот вистински изглед, испраќајќи моќна порака до останатите девојки:

Свантје Паулина

Се сеќавате на фотографијата лево? Ја постирав во јуни. Откако некои од вас ме критикуваа што ја фотошопирав на овој начин, ја избришав. Она што го направив беше непријатно и погрешно. Особено поради тоа што ја сум голем поборник дека секој треба да се сака себеси и да се прифаќа онаков каков што е. Но, јас отсекогаш се борев за да го прифатам моето тело, бидејќи моето пореметување во исхраната ми кажуваше дека не изгледам „совршено“. Но, ова што се случи, ми ги отвори очите и ме научи да бидам реална и искрена со вас. На фотографијата десно сум јас во моментов.

Разликата е 8 килограми, а мојата половина сè уште не изгледа така. Не знам кого се обидував да залажам – себеси или вас.

Само да ви кажам, 90% од „Инстаграм моделите“ (да, и мажите) ги фотошопираат своите фотографии. Нема шанси некој да изгледа вака. Мислам дека зборувам за сите нас кои ги менуваат фотографиите на овој начин дека тоа е поради недостиг на љубов кон себе и на самопочит. Сметаме дека на општеството му се допаѓа стандардот за убавина на невозможно тенка половина во комбинација со големи гради и голем задник, но тоа е неприроден изглед и нема ништо заедничко со женската форма на телото. Таму би требало да може да порасне бебе еден ден. Никој не мора да изгледа вака и мораме да престанеме да се стремиме кон овие Инстаграм илузии.

Сè до тој момент во јуни, никогаш не ни помислував какви чувства може да предизвикам кај другите девојки со вакви објави и со фотошопирање на моите фотографии. Тие сигурно си мислат дека нивното тело не е убаво, кога вистината е дека половината на оваа фотографија не е ни реална. Не дозволувајте да бидете манипулирани. Вие сте совршени токму онакви какви што сте и онака како што сте изградени.

Мислам дека некој треба да зборува за ова, бидејќи најчесто одговорите се: „Не, не ги обработувам фотографиите на тој начин, таква е мојата природна фигура“, а другите си мислат дека тоа е вистина и започнуваат да се стремат кон тие илузии на НЕВОЗМОЖНИ стандарди за убавина. Луѓе, ова не е реално, оптегнете се на каучот и уживајте во пакетче чипс.

Свантје Паулина Свантје ПаулинаСвантје Паулина си ја фотошопираше едната страна од лицето за да испрати порака дека она што го гледаме на Инстаграм не е секогаш реално Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина Свантје Паулина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.