Почетна » Новости » Мода » Џенис Јостема: Од сиромашен модел до Instagram ѕвезда која заработува илјадници долари месечно

Џенис Јостема: Од сиромашен модел до Instagram ѕвезда која заработува илјадници долари месечно

Животот на Џенис Јостема драстично се промени благодарение на Instagram. Девојката која пред неколку години се обидуваше да се пробие во модната индустрија како модел, сега е влијателна блогерка која годишно заработува шестцифрена сума во долари.

Џенис Јостема Џенис Јостема Џенис Јостема

Со цел да си ја оствари желбата да стане успешен модел, Џенис пред неколку години се преселила во Џакарта, но набрзо ја увидела мрачната страна. „Ми велеа да ослабам, да не јадам ништо. Ми велеа да повраќам“ – призна таа. Само неколку месеци подоцна, таа се откажала од авантурата во Индонезија и се вратила во Ванкувер.

Џенис Јостема Џенис Јостема Џенис Јостема

Додека размислувала што да биде нејзиниот следен чекор во животот, таа редовно објавувала фотографии од својата шминка на Instagram. Нејзиното момче ѝ помагало фотографиите да изгледаат поатрактивно.

Џенис Јостема Џенис Јостема Џенис Јостема

Полека, полека, бројот на нејзини обожаватели започнал да се зголемува. Пред две години таа ја заработила првата сума преку спонзорирана објава. Имено, фирма ѝ платила повеќе од 500 долари за да промовира чај за рамен стомак.

Досега Џенис има над 1,1 милион следбеници на Instagram и објавува повеќе од десетина спонзорирани постови месечно, заработувајќи притоа илјадници долари. 21-годишната девојка споделува фотографии и од своите стајлинзи, па често добива и бесплатна облека.

Џенис Јостема Џенис Јостема Џенис Јостема Џенис Јостема Џенис Јостема Џенис Јостема

Џенис е само една од многуте девојки кои заработуваат заради тоа што имаат огромен број следбеници. Се проценува дека славните лица можат да заработат и стотици илјади долари од еден пост. На пример, неодамна беше објавено дека еден пост на Селена Гомез вреди 550.000 долари.

Џенис Јостема Џенис Јостема

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.