Почетна » Новости » Занимливости » Незапирлива: 13-годишна гимнастичарка со една нога ги освои судиите на „Italia’s Got Talent“

Незапирлива: 13-годишна гимнастичарка со една нога ги освои судиите на „Italia’s Got Talent“

Џорџа Греко е доказ дека она што не нè убива, само нè прави посилни.

13-годишната тинејџерка од Милано ја изгубила едната нога на 7 години како последица на тумор, но тоа не ја спречува да ја следи својата страст за ритмичка гимнастика. Инспиративната девојка со својот настап ги одушеви сите присутни на „Italia’s Got Talent“, а судијката Федерика Пелегрини го притисна златното копче и ја испрати Џорџа директно во настапите во живо.

Видео

Џорџа започнала да посетува часови по ритмичка гимнастика на 4-годишна возраст, но кога имала 7 години родителите морале да донесат тешка одлука да се ампутира нејзината нога за да ѝ го спасат животот. И покрај сите пречки, таа не се откажала од своите соништа и руши бариери во познатото шоу за таленти.

„На 7-годишна возраст, таа почувствува болка во нејзината нога и ѝ открија тумор на коската. Поверојатно беше да не ја изгубиме Џорџа ако ѝ ја ампутираме ногата“ – објаснила мајка ѝ.

Џорџа Греко Џорџа Греко Џорџа Греко Џорџа Греко Џорџа Греко Џорџа Греко Џорџа Греко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.