Почетна » Новости » Занимливости » Невеста ослабе 30 кг за 4 месеци за да може да ја носи венчаницата од соништата на свадбата

Невеста ослабе 30 кг за 4 месеци за да може да ја носи венчаницата од соништата на свадбата

Софи Метјусон во само четири месеци успеа да го трансформира својот изглед и си ја оствари големата желба да ја носи венчаницата од соништата на свадбата.

Софи Метјусон

26-годишната девојка ослабе повеќе од 30 килограми со помош на нова фитнес програма, која комбинира кардио и вежби со тегови, и самоуверено „влезе“ во невестинскиот фустан за големиот ден.

Софи Метјусон Софи Метјусон

„Дојдов до момент кога се плашев од денот на венчавката. Бев вознемирена за фотографиите, како ќе изгледам и како ќе се чувствувам во мојот фустан, што ќе мислат другите за мене и знаев дека треба да направам позитивни промени“ – вели Софи, која е учителка во основно школо.

Метјусон тежела повеќе од 100 килограми, а по големата трансформација, нејзината телесна тежина е под 70 кг.

Софи Метјусон

Софи напорно вежбала со помош на нејзиниот личен тренер Лук. „Бев многу нервозна пред мојата прва сесија, но немаше причина за тоа, бидејќи Лук и неговиот тим се однесуваа многу пријателски и тоа ми помогна. Тие веруваа во мене пред јас самата да поверувам во себе и ако не беа тие, немаше да ја имам самодовербата за да верувам дека можам да го направам тоа“ – објаснила таа.

„Многу брзо започнав да забележувам промени и ми се роди љубовта кон фитнесот“ – тврди Софи.

Пред да започне со трансформацијата, Софи најчесто консумирала брза храна и секојдневно јадела слатки и чоколади. Сега, нејзините оброци вклучуваат здрави јадења како овесна каша, омлет, леќа, ориз и салати.

Софи Метјусон

„Сега, посреќна сум во сите аспекти од животот: посамоуверена сум на работа, имам уште подобра врска со сопругот и посреќна сум кога одам на одмор, бидејќи можам да носам сè што сакам без да се чувствувам некомфорно“ – изјавила Софи.

Софи Метјусон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.