Почетна » Новости » Занимливости » „Не се изгладнувајте“: 40-годишна жена целосно си го трансформираше телото и стана фит, а покачи 2 кг

„Не се изгладнувајте“: 40-годишна жена целосно си го трансформираше телото и стана фит, а покачи 2 кг

Неса од Германија ќе ве увери во фактот дека доколку сакате да ослабите не треба да се изгладнувате. 40-годишната фитнес зависничка сподели фотографии направени во период од две години, на кои нејзиното тело изгледа сосема различно.

На 38-годишна возраст, Неса тежела 62 килограми и не се хранела здраво. Само две години подоцна, на 40 години, таа тежи два килограми повеќе, но телото ѝ е во многу подобра форма.

Добрите резултати, Неса тврди дека се должат на редовната и здрава исхрана и вежбањето со тегови.

A post shared by Nessa (@nessasphere) on

Во описот на фотографијата, Неса објаснува зошто не треба да се изгладнува личност која сака да ослаби. Прочитајте ја нејзината порака:

„Ајде да зборуваме за храната и калориите. Добивам многу прашања за тоа колку треба да се јаде. Не е лесно да се одговори на ова прашање, бидејќи одговорот зависи од многу нешта: тежината, висината, возраста, физичката активност во текот на денот, колку често и колку интензивно вежбате и која е вашата цел. Но, едно нешто е дефинитивно лесно да се процени. Тоа е колку не треба да јадете. Не можете да се изгладнувате себеси!!! Кога ќе видам луѓе како велат дека јадат 800-1.200 калории, тоа навистина ме плаши. Нема да добиете долготрајни резултати со овој број на калории. На вашето тело и вам ви треба доволно гориво за да се чувствувате добро, да прифаќате предизвици и да остварувате цели.“

„Ајде да започнеме со пресметување на калориите што ги согорувате додека се одмарате (со други зборови – кои ви требаат за да останете живи). Колку поактивни сте во текот на денот, толку повеќе калории треба да внесувате за да ја одржите вашата тежина. Нормално е да го намалите внесувањето на калории кога сакате да ги отстраните мастите. Сепак, треба да бидете паметни кога го правите тоа. Не си го подложувајте телото на голем дефицит на калории уште на почетокот на процесот.“

„Нема да ви преостанува ништо за скратување подоцна кога ќе стигнете до точка да не гледате никаков прогрес. Предлагам во текот на неколку недели да започнете секој ден да намалувате по 10% од калориите што ги внесувате. Ако гледате напредок на моите фотографии, тоа е пред сè затоа што целосно ги променив моите навики на хранење (и започнав да вежбам). Во 2015 година, мојата исхрана беше тотален хаос. Имаше денови кога заборавав на храна (од премногу работа и стрес) или можев да изедам цела кутија со крофни само за ручек. Кога започнав да внесувам линеарна доза калории дневно, резултатите станаа очигледни. Клучот беше во конзистентноста и редовното јадење. Ако внесувате малку калории и не гледате напредок, обидете се да јадете повеќе. Тоа може да биде малку тешко на почетокот и може да ја зголемите вашата тежина, но кога телото ќе свикне на тоа, ќе гледате само бенефиции“ – пишува Неса.

Неса Неса Неса Неса Неса

Откако била обвинувана дека користи Фотошоп за да го отстрани целулитот од своите фотографии, Неса возврати со фотографија за споредба и кратка порака: „Ајде да зборуваме за кожата и целулитот. Неодамна споделив фотографија од мојата трансформација и некој ми искоментира: „Тоа е Фотошоп! Не е возможно да го намалиш целулитот толку многу!“. Можам да се расправам за тоа и да речам ДА, ВОЗМОЖНО Е и не ти треба Фотошоп за да го постигнеш тоа. Сè што ти треба е посветеност, напорна работа и малку трпение. Мојот целулит беше една од причините поради кои го започнав ова патување. Дефинитивно можеш да го победиш“ – пишува упорната Германка и додава дека не верува во магични креми за намалување на целулитот, туку во напорното вежбање и правилна исхрана.

Неса Неса

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10360 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.